УНИКА го искористи искуството за влез во Final 4

Екипите на Монтенегро и УНИКА се полуфиналисти во Бизнис лигата на Македонија, каде претходно пласман обезбедија Лукоил и Алкалоид.

Монтенегро сигурен во дуелот со Македонски Телеком

Монтенегро 6-2 (2-0) Македонски Телеком
Монтенегро: Ивица Јанковски 11’, 20’, 32’, Горан Новакоски 23’, 39’, 39’
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 27’, Агрон Пацоли 31’

Во третиот полуфинален дел силите ги одмерија екипите на Монтенегро и Македонски Телеком. Уште на самиот старт и двете екипи покажаа дека атакуваат за влез воFinal4. Се играше доста цврст фудбал со целосен акцент на одбраната. Екипата на Монтенегро искористи мало невнимание во одбраната на Македонски Телеком и успеа да дојде до водство од 1-0. Во последната минута и двете екипи останаа со играч помалку, Монтенегро успеа да искористи едно погрешно додавање и преку контранапад зголеми за 2-0 на полувремето. На самиот старт од второто полувреме екипата на Монтенегро постигна гол и го зголеми водството. Во 27’ екипата на Македонски Телеком преку Михајло Лазаревски успеа да постигне погодок и да намали на 3-1. Македонски Телеком се обиде со голман играч целосно да се врати во натпреварот, но тоа не му појде од рака, расположениот Монтенегро имаше своја вечер и го доби овој натпревар со убедливи 6-2. 

УНИКА го искористи искуството за влез во Final 4

УНИКА 7-2 (3-0) ТРАНСМЕТ
УНИКА: Влатко Деспотовски 3’, Ибиш Мисини 18’, 35’, Љуљзим Каштањева 20’, 37’, Александар Петрушевски 22’, Арбен Нухиу 33’
ТРАНСМЕТ: Тони Ѓуровски 25’, Игор Пејовски 39’

Во вториот полуфинален дуел екипите на УНИКА и ТРАНСМЕТ влегоа со сто проценти во овој натпревар со цел да изборат пласман во Final 4. Екипата на УНИКА го искористи искуството во Бизнис Лигата па со добро поставен напад и мирна игра стигна до три гола предност на полувремето. Во второто полувреме искуството на УНИКА целосно дојде до израз, го контролираа резултатот и во мирна завршница го добија натпреварот со 7-2. 

6 мај 2015 - 10:08