Македонскиот шампион успешно го почна патот за Келн во новата сезона од најквалитетното клупско ракометно натпреварување. Монпеље го засени Вардар во прво полувреме, но во второ доби лекција по ракомет и загуби со пет гола разлика.
Ракометарите на Металург со пораз ја почнаа новата сезона во Лигата на шампионите. Целосно изменетиот состав на тимот од Автокоманда ќе има многу тешкотии за да биде блиску до она ниво во Европа на која сме навикнати да го гледаме.
Јувентус го совлада Манчестер Сити 1-2 на гостински терен и направи големо изненадување во првото коло од ЛШ. Реал убедлив против Шахтјор, Јунајтед поразен во Ајндховен, лесни победи на ПСЖ и Севиља.
Фудбалерите на Реал одлично ја играат пред-сезоната каде веќе ги добија Ман. Сити 4-1 и Интер 3-0. За триумфот против Интер, Бенитез им дал слободно, па во базен се брчкаа и жонглираа Серхио Рамос, Начо и Иско.
На Сантијаго Бернабеу врие како во котел, откако играчите се свртеа против управата. Рамос, Роналдо и Касиљас, секој од свои причини се револтирани од односот на Флорентино Перез.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација стигна до најпосакуваниот и единствениот трофеј кој му фалеше во блескавата кариера, а тоа е Лигата на шампионите. Барселона го победи Веспрем и ја освои деветтата титула европски првак.
Ракометарките на Вардар и втора година по ред не успеаа да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите. Во таа намера ги спречи црногорскиот претставник Будуќност кој како и лани ги надигра црвено-црните во секој сегмент. Скопјанки за бронзата ќе се борат со Динамо Синара.
Најголемите два шпански клуба освен што се гиганти со буџети од по 500 милиони евра, нивната популарност драстично се шири и на социјалните мрежи каде им нема конкуренција.
Пласманот во друштво на најдобрата четворка од Европа и оваа година останува само желба. Македонскиот вицешампион се бореше машки, но го загуби и реваншот од четвртфиналето во ЛШ од Кјелце со два гола разлика.
Денешната ждрепка на Универзитетот Мохоли-Наѓ во Будимпешта на Вардар му го донесе апсолутниот шампион на Црна Гора, екипа против која Индира Кастратовиќ и црвено-црните девојки се измачија и лани и сезонава.
Македонскиот вицешампион не успеа да го добие силниот Кјелце на првата четвртфинална пресметка во Јане Сандански. Пољаците покажаа зошто се единствената екипа без ниту еден пораз во групната фаза од Лигата на шампионите.
Осум години Ѓер игра во полуфиналето на Лигата на шампионите, има четири финалиња и две титули. Сепак бројките не важат во Јане Сандански, каде ракометарките на Вардар вечерва го скротија актуелниот европски првак 24:18. Реваншот е за седум дена во Унгарија.
На денешен ден, пред точно 30 години Цибона во Пиреа го совлада големиот Реал Мадрид 87:78 и за прв пат во историјата стана европски првак. Дражен Петровиќ беше најдобар играч на мечот.
Со многу отсутни првотимци поради обврски со репрезентациите, шпанскиот тренер во првиот тим го пресели младиот Тони Трогранчиќ кој го воодушевил Гвардиола. Реал го има Одегард, но и Баварците сега може да се пофалат со новиот вундеркинд.
Во првиот натпревар од осминафиналето на ЛШ, ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Полска 32:26. Реваншот е во Скопје за седум дена, а Вардар ќе има мошне тешка задача да јa надомести негaтивaтa.
Благодарение на извонредната Ина Суслина која блесна во второто полувреме, тимот на Кастратовиќ стигна до потребната победа во 4. Коло од Лигата на шампионите и остана во игра за четвртфинале.
Актуелниот македонски шампион го забележа и осмиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите. Подлмадокот на клубот од автокоманда одлично му се спротистави на осминафиналистот Загреб, но немаше сили за изненадување и на крајот загуби со 22:20.
По ланскиот епски триумф против европскиот првак Хамбург, македонскиот вицешампион му одржа ракометна лекција на уште еден бундеслигаш. Овој пат на колена е гигантот Рајн Некар, кој втор пат сезонава не можеше да излезе на крај со момците на Раул Гонзалес.
По првите девет кола Роналдо експлодираше со 17 голови. Но од последниот меч за 2014-та против Алмерија до сега, на осум меча има постигнато само четири голови, а за него тоа е малку, нели?
Со вчерашните дуели се отвори пролетната сезона во ЛШ, а елитното натпреварување продолжува вечерва со натпреварите Шалке - Реал Мадрид и Базел - Порто. За 180 минути синоќа паднаа само два погодоци, а вечерва ќе играат исти ривали од лани.
Ракометарите на Металург очекувано забележаа висок пораз од германскиот гигант со 35:16, но успеаа да ја избегнат најслабата ефикасност која ја имаа против Кјелце.