Арсенал, Манчестер Јунајтед и Челси и заедно да ги соберат, нема да може да го стигнат бројот на следбеници на Твитер на Реал Мадрид или на Барселона. Освен што се бркаат на табела во Примера, тие се во трка и кој ќе стигне до бројка од 30 милиони луѓе кои ги следат на Твитер.
Кралевите се поблиску до тој подвиг бидејќи има фалат уште 169.000, а на Каталонскиот клуб над 1,5 милиони. Далеку зад нивната популарност на Твитер се екипи како Баерн Минхен, Јувентус и Милан кои имаат по нешто повеќе од 2 милиони следбеници.
Во однос на активноста прва е Барселона, а и покрај малиот број на Твитерџии втори по активност се Интеристите. Во оваа споредба Реал и Челси имаат исти бројки, а блиску до нив се твитерџиите на Арсенал.