Од шпанските весници блиски до Кралскиот клуб кои се загрижени за неговата форма, АС забележа дека сличен ваков пад Роналдо имал и лани ова време по освојувањето на Златната топка, па дури и во дисциплината.
Минатата сезона по првите 9 кола имал постигнато 13 голови, а потоа во јануари и февруари само 7. На стартот од 2014-та поради инцидент добил црвен картон на гостувањето против Атлетик Билбао, а исклучен за иста работа беше и на гостувањето против Кордоба минатиот 24 јануари.
И покрај тоа што го нема меѓу стрелците во домашното првенство од 12 декември минатата година, Реал и натаму победува и е лидер на табелата, но порталот fourfourtwo направи детална анализа зошто Роналдо има проблеми со реализацијата.
Можеби чувствува замор, има болки во коленото или сè уште ужива во третото признание на ФИФА за најдобар играч на планетата. Но да има нешто точно во овие работи, тоа не се единствените фактори.
Кога во 2009 година пристигна на Бернабеу, Роналдо солираше и дриблаше како и сега, правеше разни трикови и од крило се претвори во напаѓач. Но освен тоа често шутираше и даваше голови и од подалеку.
Тој начин на игра му е драстично променет, со тоа што помалку дрибла, има помал број на додавања од далеку и изведува помалку слободни удари. Најкусо и најпрецизно кажано, Роналдо има потреба од повеќе помош во напад.
Статистиката во четирите мечеви во кои блесна сезонава покажуваат дека неговите голови се постигнати од централните позиции и блиску до гол, со исклучок на погодокот против Депортиво од 12 метри. Во најголем дел од овие случаи, тој реализирал откако соиграчите ќе му ја дадат на тацна.
Следнаве четири шеми покажуваат од која позиција ги постигнувал головите и од каде му асистирале:
3 гола против Депортиво
4 против Елче
3 против Атлетик Билбао
3 против Селта
Примерите покажуваат дека на головите на Роналдо му претходи плетење на мрежа со 35 до 58 додавања за да му се отвори простор и можност да шутира. За тоа тимот треба да функционира одлично во играта, но во последно време тоа не е така. Резултатот е фрустрирачки за него, бидејќи тој го крена поседот на топка, но во безопасна зона без да се доближи до гол. Неговите маки може да се видат од примерите против Кордоба и Атлетико Мадрид.
И во двата случаи проблемот не е дека тој не може да направи некого мајмун на средина од терен, туку тоа што неговите додавања се бесцелни во тие делови од тенерот, а тоа е поткрепено со доказ. На тие два меча нема ниту еден шут во рамки на гол.
Исклучок после Божиќ е само победата против Гетафе од 3:0 кога Роналдо во второто полувреме постигнал два гола од за него сезонава омилена позиција.
Мали подобрувања има и на последниот меч против Депортиво кој Реал го доби со 2:0. Шанси за него имало, но имал голем проблем со нишанот.
И за комплетирање на анализава која детално ја покажа играта на Кристијано Роналдо во напад, мора да се напомене дека и Реал Мадрид има падови како колектив, како и многу важни отсутни играчи. Од ноември минатата година, на терен го нема Лука Модриќ, човекот кој на Ел Класико нема ниту едно погрешно додавање во напад.
Сепак кога Реал Мадрид се враќа во врвната форма, процентот на голови на Роналдо е преодреден да расте. Европскиот првак вечерва игра на гости против Шалке, каде лани во истата фаза победи со 1:6. Роналдо постигна два гола, а претходно во првенство ги тресна Елче и Виљареал. Извонредните бројки од 2014 година тој можеби нема да ги повтори, но оваа криза сигурно нема да му трае уште долго.
Извор: fourfourtwo