За Ринкон кој со селекцијата на Колумбија играше на трите Светски првенства во 90-те, е распишана потерница поради перење пари и криминал со дрога. Бизнисот го водел во Панама заедно со нарко-босот Пабло Рајо Монтано.
48 годишниот Колумбиец веќе беше еднаш уапсен во 2007 година под сомнение дека перел пари и продавал кокаин за Монтано во Колумбија и Панама. Со валканите пари купил три вили и два стана во Колумбија.
Ринкон во 2000 година како капитен на Коринтијас го освои Светското клупско првенство, а по една сезона играше и за екипите на Наполи (1994/1995) и Реал Мадрид (1995/1996).