Реал во Германија, Порто кај Базел во Швајцарија

Со вчерашните дуели се отвори пролетната сезона во ЛШ, а елитното натпреварување продолжува вечерва со натпреварите Шалке - Реал Мадрид и Базел - Порто. За 180 минути синоќа паднаа само два погодоци, а вечерва ќе играат исти ривали од лани.

По дебаклот лани кога Реал го победи Шалке 1:6, тренерот на германската екипа Роберто Ди Матео изјави дека неговиот тим сезонава е подобар и дека нема повторно да се посрамоти. Од друга страна, Анчелоти вели дека уште ги боли тешкиот пораз од Атлетико Мадрид во дербито.

ШАЛКЕ - РЕАЛ МАДРИД (20:45)

- Шалке победил на само два од последните 15 средби против шпанските ривали, а доживеал дури осум порази.

- Звучи неверојатно, но Реал Мадрид победил само три пати на 27 гостувања во Германија.

- Германската екипа вечерва на голот ќе го има третиот чувар на мрежата во екипата, 18-годишниот Тимон Веленројтер.

- Тимот од Гелзенкирхен славеше на десет од последните 21 натпревар на домашен терен, каде има пет нерешени и шест порази. Минатата година на својот стадион загубија 1:6 од Реал во истата рунда.

- Најдоброто издание на Шалке во ЛШ датира од сезоната 2010/2011 кога стигнаа до полуфинале, каде загубија вкупно 6:1 во двомечот со Ман. Јунајтед.

- Минатиот викенд, Шалке загуби од Ајнтрахт Франкфурт на гости 1:0, а Реал Мадрид славеше 2:0 на Бернабеу против Депортиво.

Можни состави:

Шалке: Веленројтер, Ховедес, Матип, Настасиќ, Учида, Фухс, Кирхоф, Хогер, Боатенг, Чупо-Мотинг, Хунтелар.

отсутни: Фарман, Колашинац, Горецка, Драклсер, Фарфан, Обаси, Гифер (сите повредени).

Реал Мадрид: Касиљас, Карвахал, Пепе, Варан, Марчело, Лукас Силва, Крос, Иско, Бејл, Роналдо, Бензема.

отсутни: Хамез Родригез, Кедира, Серхио Рамос, Модриќ (повредени).

БАЗЕЛ - ПОРТО (20:45)

- Порто е една од трите непоразени екипи сезонава во Лигата на шампионите, заедно со Челси и Реал Мадрид.

- Џексон Мартинез даде 12 голови на последните 13 настапи за Порто.

- Базел за првпат во својата историја ќе се обиде да влезе во четвртфинале од ЛШ.

- Швајцарците последен пат играле против португалски противник во сезоната 2012/2013 и го победија Спортинг Лисабон 3:0 во УЕФА Купот. Тоа беа првите голови на Базел во шесте меѓусебни средби со Спортинг Лисабон.

- Против португалски екипи, Базел дома има учинок две победи и три порази.

- Порто загубил само еднаш на шесте средби против Швајцарци и тоа во далечната 1980/1981 година кога загубија од Грасхоперс 3:0 во Купот на УЕФА.

- Змејовите славеа три од пет натпревари против швајцарски клубови.

Можни состави:

Базел: Вацлик, Џака, Самуел, Сухи, Сафари, Фрај, Елнени, Гонзалес, Ѕуфи, Гаши, Штрелер.

отсутни: Иван Иванов, Шар, Гаши.

Порто: Фабиано, Алекс Сандро, Мајкон, Маркано, Данило, Касемиро, Ерера, Оливер Торес, Брахими, Кварезма, Џексон Мартинез.