Младите ракометари на Металург лошо го стартуваа последниот меч за оваа сезона во Лигата на шампионите и во првите 10 минута се мачеа да изградат ситуција за гол. Периодот го поминуваа безидејно во напад, а обидите одеа преку Талески кои неколку пати биеше пред судијата да досуди пасивен напад.
Така не беше на спротивната страна каде Загреб стигна до четири погодици за предност од 0:4. Малерот во напад го разби Марко Бувиниќ кој всушност ги постигна првите четири голови на Металург, а во 18 минута погоди Маџовски за 5:7.
Металурзите излегоа од грч и полека влегоа во играчки ритам. Гостите одржуваа предност од два до четири голови и не успеаа да се одпелат повеќе благодарение на расположениот Никола Митревски кој добро се снаоѓаше меѓу стативите.
Кон крајот на воведните 30 минути првите голови ги постигнаа Пешевски и Бојан Маџовски, а со голот на Џукиќ момците на Лино Червар успеаа да стигнат до -1. Публиката во Борис Трајковски кој беше полупразен се разбуди и бараше цврста одбрана за нивниот омилен тим да стигне до изрманување, но на седум секунди до крајот на паузата хрватскиот состав постигна гол за 10:12.
Ремито против фаворитот сепак не беше недостижно бидејќи стартот на второто полувреме го одбележаа Џукиќ и Борјан Маџовски, брат близнак на Бојан Маџовски кои имаат по 20 години. Благорение на нив на семафорот стоеше 12:12.
Металург не успеа да се избори за пресврт и потоа следуваше серија на Загреб од 5:1 за предност од 4 голови разлика. Червар во вториот дел му даде шанса за Раде Стојановиќ кој ладнокрвно во три напади по ред го тресна голот на гостите, а по него првиот погодок го постигна и Кукоски за ново реми во 52 минута.
Тимот од Автокоманда повторно имаше проблеми во организацијата од нападите и не можеше да стори повеќе. Загреб влезе во нова серија од 4:0 и на крајот ја забележа шестата победа во групата А од каде заедно со Кил, ПСЖ и Ла Риоха ќе патува во топ 16 фазата.
Марко Бувиниќ беше најпрецизен кај Металург со 6 гола, а Никола Митревски имаше 10 одбрани.