На 3 април 1985 година, екипата предводена од 20-годишниот Дражен Петровиќ се качи на кровот на Европа. Легендарниот Дражен тогаш постигна 36 поени и беше најдобар стрелец на натпреварот одигран во салата „Мир и пријателство“.
Покрај кошаркарскиот Моцарт, за Цибона играа уште и Миховил Накиќ, Александар Петровиќ, Аднан Бечиќ, Зоран Чутура, Андро Кнего, Бранко Вукичевиќ, Свен Ушуќ и Фрањо Араповиќ. Тренер на екипата беше Мирко Новосел, член на кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд.
Хрватскиот претставник во Јадранската лига се одлучи овој голем датум да го прослави во вторник, на 7 април во салата „Дражен Петровиќ“. Во таа прилика, капитенот Андро Кнего ќе го подигне пехарот како пред 30 години во Атина, а со него на паркетот ќе излезат и неговите соиграчи кои ја прославија загрепска Цибона.
Цибона - Реал Мадрид 87-78 (полувреме 39-38)
Атина, сала „Мир и пријателство". Гледачи: 16.000. Судии: Ригас (Грција) и Маинини (Франција).
Цибона: М. Накиќ 7, А. Петровиќ 16, Бечиќ, Чутура 16, Д. Петровиќ 36, Кнего 10, Вукчевиќ, Ушиќ 2, И. Накиќ, Араповиќ. Тренер: Мирко Новосел.
Реал Мадрид: Робинсон 24, Дел Корал 2, Ромај 3, Веласко 3, Ф. Мартин 12, Корбалан 6, Руљан 5, А. Мартин, Итуријага 13, Џексон 10. Тренер: Мануел Саинц.
За носталгичарите целиот натпревар Цибона - Реал Мадрид: