Иако се познати по баварската горделивост, во Баерн Минхен никогаш нема да признаат дека тешко им падна што норвешкиот вундеркинд Мартин Одегард се одлучи за Реал Мадрид. Дали од таа причина или од малиот фонд на првотимци за тренинзите, Пеп Гвардиола се одлучи на светот да му покаже дека и Баерн Минхен има 15-годишно чудо од тебе.
Роден во Бад Ајблинг, во Баварија, Хрватот Тони Трогранчиќ фудбалски се развиваше во Ред Бул Салцбург. Викендов за прв пат тренирал со првиот тим на Баерн Минхен и ги собрал сите аплаузи на присутните.
За оваа одлука, Гвардиола се консултирал со тренерот на младинците Херман Жерлан кој му кажал на Пеп дека малиот Хрват е спремен за напорите на првата екипа.
Иако на крајот од тренинг натпреварот Пепе Реина му одбранил пенал, Трогранчиќ бил најдобар на теренот. Пензионираниот репрезентативец Филип Лам на крајот од тренингот изјавил дека одамна не видел толку талентиран фудбалер.
Тони Трогранчиќ поседува германско и хрватско државјанство и пасош, а досега настапувал само за Хрватска У-14. Во последните месеци германската фудбалска федерација се обидува да го убеди него и неговите родители да заигра за Германија.