И покрај тоа што ќе биде натпревар без резултатско значење, арената Тодор Проески вечерва ќе крца, а гостите доаѓаат во полн состав со посебен протокол и без тренинг, само со тегнење мускули во сала. Ни новата трева не отидоа да ја згазат.
Македонскиот репрезентативен фудбал денеска одбележува 30 години од своето добро познато деби во Крањ. Ќе се потсетиме на незаборавната победа, ама да ѕирнеме и некоја фотографија од тие времиња, како и од досегашните одбележувања на тој историски датум.
Химната на Македонија рокната на италијански моторџија, Бисер балкански, Жаклина, фешта по улици, феноменална храна, пиво 1,5 евра и пред сè АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ. Како вчера да беше.
Македонската фудбалска репрезентација едно време не можеше една трибина да наполни на Градски, а сега има поддршка од сите страни. Убаво е чувството кога ќе видиме како некој од надвор и се радува и ја бодри.
Од Тбилиси до Букурешт, а потоа од Скопје, Дуизбург, па до Палермо и Порто и на само 90 минути до Катар. Изгинаа за дресот, ја сплотија нацијата и натераа да ги гледаат и луѓе кои не пратат фудбал. Тим за гордост.
Нашите фудбалери синоќа имаа огромна поддршка и од екс ју земјите. Илјадници коментари со мотивирачки пораки можеа да се прочитаат на социјалните мрежи, а најмангуп излезе Иван Лончаревиќ од белградското студио на Спортклуб, кој поентираше во 7 секунди.
По пауза од околу два месеци Македонија се враќа на фудбалската сцена со нов предизвик, нов селектор и подмладување. Ќе имаме нов напад и проблеми во средина. Адеми е повреден, а Николов позитивен.
Македонската фудбалска репрезентација ги завршува настапите на Европското првенство, за жал со висок пораз кој не го заслужи. Крај на репрезентативната кариера за Горан Пандев кој доби дрес од домаќините. Ти благодариме легендо.
Имобиле, Роналдо, Балак, Друловиќ, Паненка, Клинсман, Зидан, Руи Коста, Нистелрој, Пирло...Сè се тоа фудбалери кои дале гол со 30+ на ЕП, но никој од нив на годините кои ги има нашата легенда пред која има само едно име на вечната листа.
Сонот наш од детство е остварен. По 30 години од осамостојувањето, Македонија дебитираше на Европското првенство. Во Букурешт бевме па речиси како домаќини, со 4.000 навивачи на трибини и со многу емоции кај Мрме и неговите избраници кога се интонираше химната. Ова е снимка за историја.
Меѓу 24 селекции кои ќе играат на Европско првенство летово, на табелата за просечна возраст на селекциите, Македонија е на средина на табела со 27,6 години во просек.
На 13-ти јуни од 18:00 часот Македонија ќе го одигра првиот меч на Европско првенство. Прв ривал е Австрија на преубавата „Национална Арена“ во Букурешт. Каква е фудбалската репрезентација на Австрија?
До стартот на Европското 2020 кое од познати причини ќе се игра во 2021, останаа нешто помалку од месец дена. Да ги погледнеме арените на кои летово ќе се игра најдобриот европски репрезентативен фудбал.
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука по колку пари да и дава на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство, во зависност од резултатите нели. На пример за победа ќе делат 300.000 евра.
Со секогаш расположениот Рики може да зборувате со саати на различни теми и секогаш да ви биде сè поинтересно. Има животна приказна во него вредна документарец. Тргна од скопскиот асфалт и стигна до фантастични фудбалски висини. До момент Жозе Мурињо да му донесе поклон специјално за него.
Верувале или не, цели две децении германската фудбалска репрезентација во квалификации за Светско првенство немаше пораз, додека вечерва во Дуизбург не дојдоа Пандев и другарите.
На стадионот Шауинсланд Рајзен Арена во Дујзбург, Македонија го сруши повеќекратниот светски и европски првак Германија - 1:2 (0:1) и го направи најголемото изненадување во мартовските квалификации во Европа.
Македонската фудбалска репрезентација ги освои планираните 3 бода против аутсајдерот во групата кој немаше што да бара на гостувањето во Скопје. Добра партија на Трајковски кој за три минути даде два гола. Паненка на Нестор.
Копавме од 93-та до денес за да ја извадиме на виделина традицијата на македонската фудбалска репрезентација против романската. Не е добра воопшто, ама таа Романија беше многу подруга, а исто сега и Македонија.
Македонската фудбалска репрезентација во ноември 2020 обезбеди историски прв пласман на Европско првенство 2020. Со триумфот над Грузија во финалето од плејофот на Лига на нации, со голот на капитенот Пандев, македонските фудбалери ни приредија огромна радост. Тоа со сигурност беше настан на годината 2020 во Македонија.