Шармантната Турчинка која му правеше интервју на Пандев, го облече дресот на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација едно време не можеше една трибина да наполни на Градски, а сега има поддршка од сите страни. Убаво е чувството кога ќе видиме како некој од надвор и се радува и ја бодри.

Сејхан Шашко е новинарка на телевизискиот гигант Беин Спортс, Турчинка со потекло од Охрид, која зборува македонски и која е уште поубава во вакво издание. На Твитер и Инстаграм напиша вака:

Ја елиминираа Италија, зошто не може да ја елиминираат и Португалија?

Бидејќи сум толку блиску до учество на Светско првенство за прв пат во историјата, секако ќе прикачам и фотографија од дресот на Македонија😎🧡 Со среќа!

Интервјуто со Пандев на македонски