Живееме во денови на нова историја за македонскиот фудбал. Ја испишавме во Тбилиси, ја исполнивме во Букурешт, а заедничко за двете ноќи е еден човек. Горан Пандев.
Стрелец и тогаш и сега. Ја однесе Македонија на Европско и го постигна првиот гол за Македонија на Европско. Факти кои не се бришат и кои ќе останат врежани во аналите на македонскиот спорт.
Со синоќешниот погодок против Австрија, вкупни 38-ми во репрезентативниот дрес, Пандев е втор најстар стрелец во историјата на Европските првенства. Го постигна на 37 години и 321 ден.
Пред него е само австрискиот репрезентативец Ивица Вастиќ кој на ЕП 2008 на Полска и даде гол со 38 години и 257 дена.
УЕФА, светски кладилници, како и оние кои се бават со спортска статистика го одбележаа историскиот миг за Пандев, Македонија и еврошампионатите.
37 - Aged 37 years and 321 days, North Macedonia's Goran Pandev is the second-oldest player ever to score at the EUROs, after Austria's Ivica Vastic (38 years 257 days) vs Poland in 2008. Golden. #EURO2020 pic.twitter.com/OsuGlza92X
— OptaJoe (@OptaJoe) June 13, 2021
Sliding into EURO history...
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 13, 2021
🇲🇰 Goran Pandev (37 years, 321 days) becomes the 2nd oldest goalscorer ever at the finals ⚽️#EURO2020 pic.twitter.com/0avgwN35IU
Sliding into the record books...
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 13, 2021
🇲🇰 First major tournament for Goran Pandev - over 20 years since his international debut
🇲🇰 North Macedonia's first-ever EURO goal
🇲🇰 Pandev now the second-oldest scorer in EURO history@ffmmkd | #EURO2020 pic.twitter.com/ugBnrujFPi
🇲🇰 June 2001: 17-year-old Goran Pandev makes his international debut 😎
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 13, 2021
🇲🇰 June 2021: 37-year-old Goran Pandev scores on his EURO debut as North Macedonia make their first ever appearance at a major finals 😱#EURO2020 pic.twitter.com/eoY9ei3hnQ
He's the nation's all-time leading goalscorer.
— bet365 (@bet365) June 13, 2021
He scored the goal that sent his country to the Euros for the first time in history.
He is the first North Macedonian player to score in a major tournament.
Goran Pandev, a North Macedonian icon.#MKD pic.twitter.com/fxhbSLnfrh
Во топ 10 најстари стрелци на ЕП се Шавченко, Колер, Ди Натале...