Хуманитарна аукција со 26-те јунаци во рамка

Ем ќе ги закачиш на ѕид и ќе се гордееш со тоа што ти го оствариле сонот од детство, ем ќе им помогнеш на лица со посебни потреби.

Бобан Алексовски шири одлична идеја на Твитер, која содржи историски фудбалски шмек во комбинација со хуманост.

Ги испринтал сите 26 репрезентативци на Македонија со се селекторот кои беа дел од Европското и ги сместил во рамка. И тоа потпишани пред деби настапот против Австрија.

Примерокот е уникатен и почнува да се продава на аукција, а парите ќе ги донира во Сплотени срца од Македонија, организација која се залага за подобри услови и нега за децата со посебни потреби и ретки болести, како и за изградба на регионален рехабилитациски центар.

Кој сака да учествува клик тука.

30 јуни 2021 - 14:41