Фудбалската федерација на Македонија ја одреди севкупната сума на пари која ќе им ја додели на репрезентативците и за првите три квалификациски дуели за СП 2022.
Да потсетиме избраниците на Игор Ангеловски загубија од Романија, ја оправдаа фаворитската улога против Лихтенштајн и направија сензација на гостувањето против Германија.
Соопштението на ФФМ:
У.О. на ФФМ донесе одлука да исплати парична награда за македонската А репрезентација во износ од 150.000 Евра за мартовските натпревари (Романија, Лихтенштајн и Германија) од квалификациите за Светското првенство 2022 година;
У.О. на ФФМ донесе одлука со која секоја победа од групната фаза на Европското првенство ќе ја вреднува со 300.000 Евра како парична награда за македонската А репрезентација;
У.О. на ФФМ донесе одлука со која секој нерешен резултат на натпреварите од групната фаза на Европското првенство ќе го вреднува со 150.000 Евра како парична награда за македонската А репрезентација;
У.О. на ФФМ донесе одлука со која доколку македонската А репрезентација ја помине групната фаза од Европското првенство, националниот А тим ќе добие 30 проценти од износот кој ќе се добие од паричната награда од УЕФА по покривањето на трошоците за учество на натпреварувањето;
У.О. на ФФМ донесе одлука повикот за фудбалери за претстојното Европско првенство да изнесува 1500 Евра, а дополнителни 1500 Евра ќе се исплатат на име повик доколку македонската А репрезентација ја помине групната фаза од ЕП;