Познатиот новинар Алберто Фернандез во текст со наслов „Две децении од митот на Пандев“ потсетува дека Струмичанецот дебитираше за Македонија на 17 години на 6 јуни 2001-ва години.
Македонија во недела од 18:00 часот за првпат во историјата ќе заигра на Европско првенство. Првиот ривал ни е Австрија.
„Горан Пандев се спрема за Европско како да ќе биде последен датум од неговата спортска кариера. А можеби и ќе биде. Му заврши актуелниот договор со Џенова после шест сезони и ја остави отворена иднината за после учеството на Европско.
„Цел свет ми вика: Гоги не се шегувај, можеш уште една година“, ја цитира новинарот Фернандез изјавата на Пандев за Марка.
„Капитенот на Македонија не сака да размислува за ништо друго освен за репрезентацијата и историската групна фаза која ќе почне да ја живее од недела.
Минатиот 12 ноември постигна гол против Грузија кој за првпат ја однесе Макеоднија на еден голем шампионат. Во својата долга кариера веќе беше третиран како голема ѕвезда во Италија каде ги освои сите можни титули. Дресот на својата земја го носеше повеќе од 100 пати и постигна повеќе од 30 гола.
Безусловно цифра која што го прави посебен е онаа - 20 години во служба на својата Македонија. Минатата недела, на неколку дена пред дебито на Европско првенство со репрезентацијата, Пандев одбележа 20 години од своето официјално деби. Тогаш имаше 17 години и играше во италијанската Серија Ц. Денес има 37 години и ги надмина 100 гола во Серија А. Пола живот брилјира во италијанскиот фудбал со исклучок на една непродуктивна сезона во Галатасарај, а втората половина од животот е во служба на својата репрезентација.
ДИЕГО КАПЕЛ: „ПАНДЕВ, ЕДЕН ПОСЕБЕН ФУДБАЛЕР, СЕ РАДУВАМ ШТО ЌЕ ГО ГЛЕДАМ НА ЕВРОПСКО“