Шведска ќе го има најстариот, Турција најмладиот состав на Евро 2020

Меѓу 24 селекции кои ќе играат на Европско првенство летово, на табелата за просечна возраст на селекциите, Македонија е на средина на табела со 27,6 години во просек.

Најискусна ќе биде Шведска со просек на возраст од 29,2 години. За Швеѓаните ќе играат прилично возрасни фудбалери а го нема Златан Ибрахимовиќ поради повреда инаку процентот ќе им беше уште повисок.

После нив следува Белгија со 29,1, Словечка со 28,2 години во просек, Финска 28,1 и Унгарија 28.

Најмлада репрезентација е Турција која по смената на генерација реши да тргне со млади сили - 24,9 години во просек. Англија е втора најмлада со 25,2, Велс 25,5, Украина 26,4 и Шпанија 26,5.

КОИ СЕ НАЈМЛАДИ А КОИ НАЈСТАРИ ФУДБАЛЕРИ?

Кацпер Козловски од Полска ќе биде најмладиот учесник на Евро2020. Тој игра во средниот ред на клубот Погон и е роден на 16 октомври 2003-та година. Има само 17 години. 

Најмлади играчи:

Кацпер Козловски - Полска, 17 години и 243 дена
Џуд Белингем - Англија, 17 години и 352 дена
Џамал Мусиала - Германија, 18 години и 110 дена
Педри - Шпанија, 18 години и 203 дена
Иља Забарни - Украина, 18 години и 288 дена
Георгиј Судаков - Украина, 18 години и 288 дена

Најмлад фудбалер кој некогаш се појавил на Европско првенство и натаму е Јетро Вилијамс кој за Холандија заигра на Евро 2012 на 18 години и 71 ден. Него ќе можат да го надминат и да постават нов рекорд Козловски (Полска) или Белингем (Англија). Бисерот на Борусија Дортмунд најверојатно ќе заигра затоа што е во план кај селекторот Саутгејт.

На Европското ќе има и капитени помлади од 30 години: Ендрју Робертсон - 27 години (44 меча за Шкотска), Хари Кејн - 27 години (54 настапи за Англија) и Гранит Џака - 28 години (93 за Швајцарија). Робертсон и Кејн се капитени на своите репрезентации уште од 2018-та.

КОИ СЕ НАЈСТАРИ ФУДБАЛЕРИ?

Во Топ 5 е и нашата икона Горан Пандев.

Највозрасен играч на Европското ќе биде третиот голман на Холандија Мартен Стекеленбург (38 години 272 дена). После него е голманот на Шкотска Крејг Гордон со 38 години и 172 дена.

Следуваат Пепе од Португалија со 38 годни и 115 дена, Горан Пандев со 37 години и 329 дена, Јуриј Жирков со 37 години и 305 дена.

КРИСТИЈАНО Е РЕКОРДЕР

Роналдо ќе биде главен ветеран на Европското затоа што ќе го игра дури 5-то рекордно Европско во кариерата. И Икер Касиљас има 5 појавувања на Европско со тоа што во 2000-та и 2016-та не запиша ниту еден настап и не влезе на терен.

Кристијано ќе игра на 5 Европско првенство и ќе стане апсолутен рекордер. Ова ќе биде 4 Европско првенство за: Стив Манданда, резервниот голман на Франција, за Џорџо Кјелини, за Патрисио - голманот на Португалија, за Лука Модриќ, за Швеѓанецот Гранквист, за Жоао Мутињо, за Ларсон и за Пепе.