Постојат „значителни посредни докази“ дека епидемијата на ковид-19 потекнува од протекување од Институтот за вирологија во Вухан, тврдат Републиканците кои се во Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом на САД.
Оние кои порано се бореа против непотребно и прекумерно следење и шпионирање на своите сограѓани, за многу кратко време станаа промотори на кодошлук. Угледни медиумски аутлети сега промовираат новинарство кое се спроведува во соработка со разузнавачките и шпионски служби.
Варијантата која прв пат беше идентификувана во Индија минатата година, според СЗО се шири побрзо од другите варијанти на ковид-19. Ова се покажа точно и на терен каде Индија не може да постигне ни да ги згрижи заболените, ни да ги закопа починатите.
„Криминал не векот“ е насловот на еден нов документарец во два дела кој расплеткува како лажливиот маркетиннг и корпоративната алчност произведуваат една масовна медицинска напаст од која гинат половина милион Американци.
Пандемијата, заболените и починатите од ковид ќе ги сопре вакцинацијата, а не маските. Само што, за тоа првото треба некој да се помачи и да сработи, а за второво е доволно да напише указ за задолжителност. И да го има Караџовски кој ќе објасни дека ковидот се дига со прашината кога одиме, недајбоже, трчаме.
Носење маска надвор и потоа ставање на истата во џеб кога ќе влезеш во бар е исто како да носиш кацига дур одиш и да ја извадиш кога ќе се качиш на мотор.
Со тоа што возрасните ќе бидат вакцинирани а децата не, се отвора една зезната, недоволно промислена димензија на пандемијата. Ќе дојдеме во глупа ситуација во која возрасните опуштено ќе се дружат, а децата ќе мораат да се дистанцираат и да носат маски.
Извештајот на Светската здравствена организација за потеклото на Ковид-19 е одек на кинеската пропаганда, пишува Вол стрит журнал во својот едиторијал.
Специјалната известувачка на Обединетите нации за случајот со убиството на Џамал Кашоги добила смртна закана од функционер на владата што е истражувана за убиството.
Над 350 доктори од цел свет тврдат дека има се поголем број докази дека ковид-19 може да предизвика дијабетес (и тип 1 и тип 2) кај некои пациенти, една подгрупа од нив дури тврди дека ковидот може создал целосно нова форма на дијабетес.
Јануари 2013 беше еден од клучните моменти во битката меѓу Вашингтон и Силициумската долина кога луѓето назначени од Обама за спречување монопол одбија да покренат обвинение против Гугл и покрај сите информации што ги имаа.
Најголемото олеснување што денес се чувствува е што може отворено да се зборува за потеклото на ковид-19 (дали е од лабораторија или од животно...) без притоа да звучиш како да го поддржуваш и цитираш Трамп. Кога СЗО тргна со истрагата во Вухан целта беше непогрешливо да се утврди потеклото. Целта, за сега, не е постигната.
Заклучокот на документот што го објави Бајден е дека саудискиот престолонаследник, Мухамед бин Салман, со сигурност одобрил, а најверојатно и го наредил, убиството на Џамал Кашоги.
Еден од специфичните соеви на ковид-19, оној кој за првпат беше откриен во Јужна Африка, станува еден од најбрзо растечките соеви на коронавирусот. САД пријавија два случаи и што е најлошо во приказната, ниеден од нив не патувал никаде.
Трамп се покажа како кукавица а неговите приврзаници, ако навистина им е до каузата, би требалко да гласаат за Сандерс, оценува словенечкиот филозоф. „Да се надеваме дека она што се случи на шести јануари во Вашингтон ќе стави крај барем на бесрамното испраќање американски набљудувачи на избори во други земји за да ја оценуваат нивната правичност“, порачува Славој Жижек.
Еден од највоинствените лидери на Антифа бил човек кој ги палел и храбрел симпатизерите на Трамп кои упаднаа во Капитол. Иако и самиот објави видео од Капитол, уапсен е денови откако твитерџии го фатија како лабаво шета по улици. А за секој случај, го предал и брат му, што денес и во сталиново време е кул.
Во далечниот март 2020 човештвото се даде на беспоштедно дезинфицирање на секоја можна површина како да ќе исполнуваат критериуми за биохемиска лабораторија. Многу антибактериски марамчиња и литри Дизентал подоцна, излезе дека беспоштедното гланцање на сè и сешто и не е неопходно.
Првиот добитник на Оскар кој се вакцинираше против ковид-19 е Оливер Стоун а вакцината е руска. Филмаџијата ја прими Спутник чија латинска петка Русите ја гледаат како V за Victory (победа). Македонските здравствени власти, во склад со својата бахатост, јавашлук и фушерај, не ни одговориле на понудата за евентуална набавка на таа вакцина.
Наградуваната серија подкасти „Калифат“ ја раскажува приказната на Шерорз Чодри, Канаѓанецот со пакистанско кој бил радикализиран он-лајн по што заминува во Сирија и се приклучува кон ИСИС каде станува егзекутор и убива затвореници во име на организацијата. Излезе дека Тајмс повеќе имал мерак да најде поранешен егзекутор, отколку што нашол поранешен егзекутор.
Како што нејзиното богатство (базирано на акциите во Амазон) незапирливо продолжува да расте во ковид-19 така Мекензи Скот (до пред некое време Безос) најбогатата жена на светот, незапирливо продолжува да троши пари во добротворни цели.
Британски конзулати, универзитети, банки и компании се преполни со лојални членови на Комунистичката партија на Кина, покажува протечената база со податоците на 1,95 милиони регистрирани членови на партијата.
Додека светот се бори да ги пофаќа илјадниците случаи на ковид-19, Кина (која со милијарда и триста луѓе упорно стои на околу 87.000 заразени) активно работи да ја смени приказната за тоа од која држава дојде вирусот.
Додека давале бонуси за оние што секој ден ќе се појават на работа, со што ги мотивирале вработените да доаѓаат и болни, менаџерите во една месарска компанија во Арканзас приватно ставале пари на опклада колку работници ќе бидат закачени од ковид.