Пред 50 години, првиот пар гради се појави на третата страна на Сан. Со намера да продава повеќе примероци, тогашниот уредник Лери Ламб одвои простор во весникот за објавување топлес слики од жени, почнувајќи со германската манекенка Стефани Ран која се појави не само во без прслук туку и во нејзиниот „роденденски костум“. Конкурентските таблоиди како Дејли Стар и Дејли Мирор наскоро го следеа ова, и со децении Страна 3, како што е позната, ги започна кариерите на славни личности како Мелинда Месинџер, Кети Прајс, Саманта Фокс, Џо Гест и Кели Брук.
50 години подоцна, дали цицките во таблоиди имаа штетно влијание на женските слободи? Тешко. Пин-ап девојки и отцепени слики од топлес модели може се иритантни за жени кога влегуваат во гаражи или кога ќе го фатат својот сопруг дека минува премногу време преправајќи се дека ја чита колумната на втора страна. Меѓутоа таков е ставот на модерните феминистки кој има направено повеќе штета на одбраната на женските слободи и делување.
Првично, критиките за Страна 3 имаа прилично пуритански тон. Во 1986, пратеничката на лабуристите Клер Шорт се обиде да го направи нелегално објавувањето на голи жени во дневни весници. Обраќајќи се пред Долниот дом на британскиот Парламент, Шорт тврдеше дека идните генерации ќе ги „гледаат тие слики како симбол за декадентно општество“ - таква декаденција, таа тврдеше, треба да биде нелегална. Шорт исто така тврдеше дека Страна 3 има влијание и врз децата, кое биле премногу „засрамени“ од изложеноста на голи жени кога сакале да го користат весникот за „дискутирање на актуелните настани или за правење играчки од него.“
Шорт не беше ни осамен глас. Таа беше под влијание на растечкиот тренд во феминистичката политика, која ги поврзуваше порнографските фотографии со малтретирањето од машка страна - тоа што денес феминистките го нарекуваат „култура на силување“. Шорт на колегите пратеници им кажа дека таа се согласува со „жените кои мислат дека има некаква врска меѓу растечкиот бран на сексуално насилство и Страна 3“, меѓутоа таа признава дека „очигледно, тоа не може да се докаже“.
Обидите на Шорт да ја забрани Страна 3 беа дочекани со свирепо исмевање (Сан ја нарече „Лудата Клер“ и имаше гнасни коментари околу нејзиниот изглед) па таа на крај не успеа. Уште 26 години жените продолжија да позираат и да добиваат пари за топлес слики во дневни весници.
Дури во август 2012, кога петиција започната од загрижената граѓанка Луси-Ен Холмс, побара од уредникот на Сан да „престанеш да ги форматираш твоите читатели да ги гледаат жените како сексуални предмети,“ Страна 3 повторно стана политичка вест. Брзо претворајќи се во актуелна тема меѓу феминистките и опортунистичките пратеници, НМПТ кампањата (No More Page Three) ги преправи аргументите на Шорт против „декадентното“ општество, за потребите за модерната публика.
Ова беше и право време за НМПТ. Две години пред Холмс да ја започне кампањата со слоганот „цицките не се вести,“ сега на широко дискредитираниот Хајден Маркс извештај објавен од НУС (National Union of Students), кој сега е отстранет од нивниот сајт, тврдеше дека сексуалните напади на универзитетските кампуси бележат вртоглав раст. Други исто така побрзаа за да најдат врска меѓу наводниот раст на сексуални напади и слики од топлес жени. Затоа тоа беше идеалниот момент за одново подгреаниот порно-паника феминизам на НМПТ кампањата.
Со изобилно користење на сомнителни статистики, Холмс и другите стигнаа до истата поврзаност меѓу сликите и постапките како и Шорт. „Кога секоја четврта е сексуално нападната,“ пишува Холмс, „дали е паметно да се повторува идејата дека жените се сексуални предмети?“ Како и Шорт, Холмс немаше никакви докази за да докаже дека изложеноста на Страна 3 ги направило мажите повеќе или помалку веројатно да извршат насилни дела против жените. Меѓутоа тоа не беше важно.
НМПТ петицијата беше нешто како успешна. Во 2015, Сан одглуми дека го објавил својот последен Страна 3 модел, за подоцна да објави дека ќе продолжи да објавува топлес слики, само он-лајн.
Иако Страна 3 исчезна во и онака презаситениот свет на дигитализирана голотија, патронизирачкиот став енкапсулиран од НМПТ кампањата продолжи да живее. Користејќи го аргументот дека женските тела се штетно претерано сексуализирани, феминистките продолжија да се обидуваат да го контролираат изборот што жените го имаат околу своето тело и начинот на кој ќе вадат леб. Во 2018, Формула 1 и Професионал дартс корпорацијата ја откажаа својата долгогодишна традиција да ангажираат жени во гламурозна облека како претходница на натпревар, заради притисок од симпатизерите на #МеТоо. Зборувајќи на утринската програма на ИТВ како „феминистички глас“, новинарката Сали Хауард укори две манекенки, кои останаа без своите ангажмани, заради играње на „декоративни улоги“ кои можеби направиле „девојчињата што седат дома и гледаат, да се чувствуваат понижено.“
И не се само сликите од вистински цицки што предизвикуваат гнев. Исто така во 2018, Манчестер Арт Галеријата се согласи на една недела да ја отстрани „Hylas and the Nymphs“ на Џон Вилијам Вотерхаус со цел да започне разговор околу тоа како музеите и галериите треба да се справуваат со голотијата по #MeToo. А војната против цицките продолжува. Откако неделава во парк во северен Лондон беше откриена статуа од Меги Хамблинг во спомен на Мери Волстонкраф голем број феминистки на Твитер го кренаа својот глас вознемирени што е искористена гола жена за симболизирање на ставот на Волстонкраф околу родовата еднаквост.
Денешните феминистки не се баш пуританки. Ним само не им се допаѓа кога жени од работничка класа избираат сами за себе. Тоа е причината зошто пратеничката Хариет Харман се чувствува самоуверена кога ги хвалоспева селфијата на Ким Кардашијан како „моќни“, додека жените што позирале за Страна 3 ги опишува како „крма“ за машките уредници. Тоа е причината зошто мамички се чувствуваат дека треба помпезно да ни ги соопштуваат своите ставови за доење во јавност, додека истовремено се жалат што нивните мали ќе имаат доживотна лузна од тоа што виделе пар цицки во печатот. Тоа е причината зошто неброени #freethenipple слики од мали, деликатни гради од жени од средната класа ги слават на социјалните мрежи како „моќни“ и „артистични“ додека во исто време жена со големи гради од Ромфорд добива предавање дека таа се деградира себе си со позирање за слични фотки во весници.
Сржта на НМПТ кампањата беше одвратен и долгогодишен презир меѓу жените кои себе си се сметаат за морално и политички супериорни во однос на простите маси. Тие дури и не го кријат тоа. Веб-страната на НМПТ на Холмс потсетува на тоа кога таа се нашла во ужасната ситуација да мора да оди во продавница за градежни материјали. „Се чувствував нервозно пред да прозборам затоа што бев меѓу повеќе мажи за кои чувствував дека најверојатно се големи фанови на Страна 3“, пишува Холмс. „Исто така зборував со некои мажи кои вршеа испорака во бели комбиња, бидејќи имам прочитано бројни текстови кои велат дека мажите со бели комбиња се оние што ја сакаат Страна 3.“
Нема ништо возбудливо или радикално во тоа да ги соблекуваш парталите за пари. Ама па нема ништо радикално или возбудливо околу само-праведното терање кампањи од средната класа. Убавината бледее, и дури и најубавите жени на планетава имаат многу повеќе во нивната глава отколку во нивниот прслук. Навраќајќи се на годишнината на Страна 3, тоа што е јасно е дека децении на топлес жени во весниците имале мало влијание на ставот на општеството кон жените. Напротив, паниката околу сексистичките мажи во бели комбиња и понижените мали девојчиња, стои на патот на целосна одбрана на женските слободи. Барајќи жените да бидат заштитени од наводно штетните слики, феминистките ги рехабилитираа прастарите сексистички ставови дека на жените им е потребна заштита од одредени идеи и однесување. Водењето кампања за отстранување на Страна 3 моделите од весниците е модерен еквивалент на барањето жените да ја напуштат трпезаријата додека мажите палат пури.
Треба да го критикуваме попувањето на жени - жените се далеку повеќе отколку само нивното тело. Но уште поважно, треба да се бориме за идејата дека жените се способни да донесат сопствени одлуки без помош или мешање од патронизирачки феминистки од средна класа. Кој било ден би ги менувала нив за ѕидови исполнети со големи цицки.