Само што им ги поделија медалите на фудбалерите и тренерите на Јунајтед, Жозе Мурињо тргна кон делот каде беа нивните навивачи и медалот му го подари на едно од децата на трибината. Голем гест за поздравување, за разлика од победничкиот тим кој недоволно ги удостои своите следбеници.
Џули Бурчил лани ја прочитала книгата на Марина Абрамовиќ и во еден осврт на ова самобендисано дело, на оваа самобендисана авторка, мирно, остро и прекрасно цинично ни се провикнува, „луѓе бе па, па царот е многу, многу гол“.
Во еуфорија и налет на емоции многу од фудбалерите не знаат што да направат од среќа па многу често се глупираат. Но има некои смислени и оригинални прослави на гол кои навивачите добро ги прифатија.
„Во еден момент сфатив дека детево како да е од некоја друга планета од која доаѓаат исклучителни луѓе: доктори, професори, врвни музичари, сликари...“, вели човекот кој е најзаслужен што Барса прифатила да го прими на проба.
Одличниот хрватски тенисер Марин Чилиќ ќе се обиде да го спречи Роџер Федерер да стигне до рекордната осма титула на Вимблдон и воедно да го освои својот втор Гренд Слем во кариерата. За неговата кариера најголеми заслуги има легендарниот Иванишевиќ.
Илјадници луѓе меѓу кои имаше и навивачи на Сандерленд, Њукасл и Евертон се собраа во Кантри Дархам попладнево за да го испратат малиот Бредли Лоуери на вечниот пат.
Иако заработува повеќе од 100 илјади фунти неделно, Белгиецот со мароканско потекло важи за еден од поскромните фудбалери во престижната Премиер лига. Кога не ги практикува Рамазанските пости, дели помош на сиромашните во Мароко.
Руни се врати во Евертон од каде во 2004-та премина во Манчестер. Низ годините: рекорди, најубав гол во историјата на Премиер, тренер кој го стави во средниот ред, Лига на шампиони, замерки со Боби Чарлтон...
Иако според лекарите, малиот Бредли Лоуери имаше уште неколку месеци живот, целата светска јавност веруваше и се надеваше дека тој ќе може уште да се радува на фудбалот, на Сандерленд и на неговиот омилен Џермејн Дефо кој му напиша последен поздрав.
Никогаш не беше меѓу најголемите, но неговата техника и головите не беа ништо помалку спектакуларни од оние на Роналдињо во времето на Барса. Кариерата ја минува во сенка на четирикратниот добитник на „Златна Топка“.
Германската фудбалска федерација повеќе од една деценија успешно го води програмот за развој на младите таленти од каде репрезентацијата црпи играчи кои на земјата ѝ носат само и само успеси.
Еден е од подобрите специјалисти во светот на слободните удари, а имал чуден пат до славниот Милан. Не се многу познати неговите епизоди со депресија и кога му ставале пиштол на чело.
Сензација на светскиот турнир во Кина во пинг-понг: 13-годишниот Томоказу Харимото од Јапонија го победи легендарниот шампион од Белорусија Владимир Самсонов (41) со резултат 4:3.
Навивачите се составен дел од секој спортски колектив и без нив едноставно не се може. Но колку можат да кажат дека го сретнале тренерот, му сугерирале кого да донесе и на крај успеале да го донесат играчот кој го посакувале во тим?
Во второто коло од групата Б на Европското првенство Македонија ремизираше 2-2 со Србија. Нашите момци направија пресврт 1-2, но Србија извади бод во 90’ минута.
„Им ветив на момците ако се спасиме, ќе тргнам со точак до Торино. Приказната немаше да има смисла ако не стоев на зборот во кој веруваа дечките“, вели Давиде Никола кој возеше во чест на син му и други загинати на велосипед.
Алексис Санчез во секој клуб каде што играл бил познат за неговата претерана детинетост. Ден денес сакал да гледа цртани, да игра со играчки, да вози возови на далечински и да шета кучиња. Но тоа не му смета да биде најдобриот чилеански фудбалер.
По многумина најдобриот лев бек во историјата на фудбалот. Човекот кој фудбалот го играше со најголемите величини каков што беше и самиот има неверојатна биографија за која наскоро може да се очекува игран филм.
По разочарувачките 45 минути против Црвената Фурија, Ангеловски во вториот дел му даде можност на едно дете кое влезе во игра на 17 години, не загуби дуел, а првиот му беше против Иниеста на кој му ја украде топката дрско и без респект.
21-годишниот Португалец е најозборуваниот фудбалер деновиве, а не случајно новите газди на Милан прифатија за него да избројат 38 милиони евра плус бонуси.
Да заиграш во Серија А на 20 години, да те платат 30 милиони и на крај да речеш дека ти треба добар одмор, а си дремел цела сезона на клупа треба стварно да си многу свилен. Ајде дете во нашата омилена рубрика.
Две промоции во две сезони, од Серија Ц во Серија Б, и синоќа историски пласман на клубот од Југот во елитната Серија А. Што треба да знаеме за тимот во кој со успех игра и Македонецот Никола Јакимовски.
Дошол на грандиозниот „Луж“ на 16 години од Бразил и за него немало место во пеколната голманска конкуренција, па го дале на третолигаш. Таму Едерсон покажал зошто ќе биде иден долгогодишен голман на „Кариоките“ и зошто Гвардиола потроши 40 милиони евра на него.