Приказна за фудбалскиот пат на Рикардо Кварежма

Најдобриот ромски фудбалер кој го пропатува светот

Никогаш не беше меѓу најголемите, но неговата техника и головите не беа ништо помалку спектакуларни од оние на Роналдињо во времето на Барса. Кариерата ја минува во сенка на четирикратниот добитник на „Златна Топка“.

Играта на Рикардо Кварежма е како цветот кадупул: безумно убав, но брзо минлив и со рок на траење. Актуелниот фудбалер на Бешикташ важи за најискрениот играч на светот на кого фудбалот му носи ништо помало задоволство како она пред 15 години.

А во детството Рикардо живеел во трошните фавели на бедниот лисабонски реон Шелас. Неговите родители се развеле кога малиот имал шест години а во школо него постојано го исмевале и го задевале врз основа на ромското потекло.

Од друга страна, Кварежма бил мал бунтовник и се однесувал еднакво грубо со луѓето како и тие со него, дрско знаел да врати на дрските и силно на силеџиите, а како растел сè повеќе бил горд на своето потекло. На почеток не играл многу фудбал, туку повеќе интерес имал за хокеј на ролери и за карате секцијата, каде го добил првиот мобилен телефон.

Желбата за фудбалот му ја разбудил брат му со кого заедно се запишале во локалниот клуб Домингос. Тренерот, кога ја видел надареноста на малиот, ја посоветувал мајка му синот што побрзо да го однесе во академијата на еден од градските великани Бенфика или Спортинг. Семејството се решило за втората варијанта.

„Играв грубо, често се закачав со другите деца но при тоа давав многу голови. Мојата историја е малку чудна затоа што не знам зошто не сакав да играм фудбал иако сум роден за тоа“, раскажува Кварежма за реномираниот весник А BOLA.

СО КРИСТИЈАНО ДРУГАРИ ОД МАЛИ

Кварежма и Роналдо се врсници. Рикардо дебитирал во првиот тим на големиот Спортинг во 2001 година кај тренерот Ласло Белени. Една година порано од Кристијано Роналдо. По мечот од Куп на УЕФА против Стандард Лиеж (3:2), романскиот тренер Белени го нарекол 18-годишното крило „Мустанг“ поради тоа што „таков див коњ тешко е да скротиш“.

Токму Роналдо меѓу првите од милост го завикал Кварежма „Циганот“, а тој прекар му останал и ден-денес. Навивачите на Спортинг во тој период негодувале што Белени не знаел како да ги обедини двете страшни крила во ист состав. 

На теренот двајцата вундеркинда биле конкуренти а надвор од него добри другари коишто до денес се цимери во репрезентацијата.

Кога било потребно едниот да му отстапи место на другиот, и двајцата го напуштиле Спортинг во 2003-та. Како своевидна братска делба: едниот правец Манчестер Јунајтед, а другиот во прекрасната Барселона. На презентацијата на Кварежма на „Камп Ноу“ Каталонците го претставија како уште попопуларен од Хари Потер.

„Кај нас сега дојде волшебник“, изјави претседателот Жоан Лапорта на промоцијата. Но волшепства не се случија, Франк Рајкард немаше симпатии кон имуплсивниот млад Португалец, го седна на клупа и после некое време го смени со Деко од Порто.

Во тој момент клубот од „Драгао“ не беше само еден од најсилните португалски клубови туку и освојува на Лигата на шампионите и последен освојувач на Интерконтиненталниот Куп. Рикардо не се сретна со Жозе Мурињо кој замина за Англија, туку тренер му стана Виктор Фернандез кај кого Кварежма заблиска како никогаш во кариерата.

Шпанскиот тренер му даде слобода на целата крилна позиција на Рикардо а овој му врати со многу голови. Играше со фантастичното бразилско трио Дерлеј-Фабијано-Диего и стана клучна фигура на „Змејовите“. Тие три години во сино-белиот дрес беа најдобри во неговата кариера.

Таквите игри го натераа Мурињо да го купи во Интер.

„Рикардо е голем талент, но неопходно му е да научи да стане дисциплиниран и да владее со своите емоции“, кажа еднаш Жозе за него.

Мајсторот на рабоната даде дебитатнски гол против Катанија во Серија А, но тој гол му беше единствен за две сезони во миланскиот клуб. Два пати го номинираа за наградата Bidone d’oro која што новинарите му ја доделуваат на најлошиот играч во Серија А. Навивачите и управата сакаа да го продадат, па Кварежма на крајот заврши на позајмица во Челси, но ниту Луис Фелипе Сколари ниту Гус Хидинк не го сметаа за битен.

„Во животот жалам само за едно: што преминав во Интер. Таму ја загубив самодовербата. Уште не знам зошто Мурињо немаше доверба во мене. Можно дека бев во слаба форма. Во Милано ги поминав двете најужасни години од својот живот“, призна подоцна ’Циганот’.

Во сеќавање на миланскиот период на Кварежма светла точка му е само златниот медал во Лигата на шампионите, единствено нешто кое колку-толко го утешило (Дури во 2016-та го даде првиот гол во својата кариера во Лигата на шампионите на мечот Бешикташ - Динамо Киев 1-1).

Фудбалската кариера забрзано почна да му оди во пропаст, па на крајот потпиша со Бешикташ каде демонстрираше од се по нешто: тепачки, скандали, бркања, суспензии, казни, го гаѓаше со шише тренерот Карлош Карвахал итн. Меѓу сетоа тоа Кварежма и го ограбиле во Истанбул. На 29 години тој прејде во катарскиот Ал-Ахли и никој не можеше да верува дека некогаш најперспективниот фудбалер во Европа се наоѓа пред крај на кариерата.

Во јануари 2014 година Кристијано Роналдо ја освои „Златната Топка“ за најдобар светски фудбалер, а Рикардо Кварежма се врати на „Стадио Драгао“ и по вторпат го претставија како играч на Порто. Наскоро го дал првиот гол после цели шет години но поради конфликт со тренерот Пауло Бенто не го доврши договорот.

Но затоа стана херој на Европското 2016та кога со неговиот гол во 117 минута од продолженијата против Хрватска, Португалија се пласираше во четвртфинале а во финалето го замени лидерот Кристијано Роналдо кој се повреди.

Коцките се сложија и Кварежма стана европски шампион, титула на која може да биде горд.

„Никогаш не сум го криел воодушевувањето од талентот на Рикардо. Сакам да го гледам и секогаш отворено ќе зборувам што мислам за него. Тој се преобрази затоа што јас со него секогаш бев чесен. Никој низ кариерата не бил чесен со него. Ако сте добар со него, двојно добро ќе ви врати“, вели селекторот на Португалија Фернандо Сантош.

Својата големина Кварежма ја докажа пред неколку дена кога освоениот бронзен медал од Купот на Конфедерации му го подарил на некое дете Сержо Мачадо којшто го загубил семејството во големите пожари кои на 17. јуни го зафатија португалскиот Педрогао Гранде во кои загинаа 64 лица а повеќе од 200 беа повредени.