Антони Модест
прослава: Очила со рацете
Минатата сезона францускиот шпиц Антони Модест стана откритие на сезоната во Бундеслига. Французот кој не е баш млад, играше за Келн а се изнадава голови колку Левандовски и Обаемјанг.
Неговата игра не се запамети само по головите, туку и по прославата, празнувањето на истите. Во есента 2016 Модест постигна неверојатен гол и го прослави со популарното смајли со наочари.
„Секоја преписка ја завршувам со тоа смајли со наочарчиња. Просто многу ми се допадна, а моето семејство ми кажа дека ги асоцира на мене“, го дешифрираше митот за необичната прослава напаѓачот на Келн.
Навивачите на овој клуб редовно го имитираа неговиот гест а еднаш кога бил во посета на детска фудбалска школа, учесниците побарале наместо да им даде слика од екипата, само да ја демонстрира прославата на голот а Французот не можел да ги одбие.
Ова не е негова единствена необична прослава, гледачите на Бундеслига памтат како славел гол со цуцла во уста во чест на новородениот син и танц со соиграчот Лео Битенкурт.
Минатата недела Келн објави дека го дава Модест на 2-годишна позајмица во кинескиот клуб Тјанжин Кванжијан. Азијците платиле 6 милиони евра за позајмица и според договорот може да го откупат за 29 милиони евра.
Кристијано Роналдо
прослава: го потпира подбрадокот на рака
Кристијано Роналдо секако е човекот кој најмногу сака да менува прослави на гол.
Почна со обично кревање палец во вис, па ги креваше рацете кон небото во знак на благодарност а најпознат е по високиот скок и застанувањето во една позиција со раширени нозе и истакнување на „коцките“ од телото.
Но на мечот против Атлетико Мадрид во ноември лани, го прослави голот на еден сосема поинаков и нов начин. Тогаш сите нагаѓаа што му значи: Можеби Португалецот им правеше така на навивачите на Атлетико кој молчеливо гледаа како им дава нов гол. Или луѓето пред телевизија кои го критикуваат а можеби и алузија на навивачите коишто не го сакаат а ја гледале церемонијата на доделување „Златна Топка“.
Цела шума од претпоставки.
Сам по себе овој гест не е нов, но во изведба на Роналдо изгледа интересно. Ваквото празнување го крена интернетот и стана повод на многу нови мемиња. Луѓето од Electronic Arts биле толку фасцинирани од празнувањето што го моделирале во новата верзија на FIFA 2018 која што ќе излезе во септември годинава.
Самиот Роналдо е оригиналното лице симулатор на оваа игра а неговите движења на тренинг дури и ги снимало мобилното студио на EA Capture.
Даниел Стариџ
прослава: танц со бранови
Стариџ е еден од најпознатите танцувачи во светот на фудбалот. Практично секој свој гол го прославува со оригиналниот танц - прави бранови во движење на рацете и телото. Денес тој танц е многу популарен иако мотивот за него е непознат за многумина.
Во 2004 година Стариџ играл за младинците на Манчестер Сити а на еден од турнирите дал гол против Барселона и го прославил погодокот необично: малиот не можел да ги задржи емоциите и почнал хаотично да мавта со рацете и енергично да мрда со телото во исчекување да му истекне нешто.
Со години подоцна го практикува овој ист танц кој стана уникатен.
Денес „танцот Стариџ“ може да се види практично во секој агол на светот. Вакви повторени движења кои се визит карта на англискиот репрезентативец ги имитираат играчи и навивачи од Јужна Африка до Белорусија.
Западните музичари снимаат песни под името Sturridge Dance, Јирген Клоп еднаш го одигра за време на едно интервју, а самиот Даниел не остава ништо на случајот и активно работи на отворање модна линија чије лого ќе биде силуета на човек кој го игра овој танц.
Пауло Дибала
Прослава: маска
Во јануари 2017 сите љубители на фудбалот гаѓаа што означува таинствениот гест на напаѓачот на Јувентус Пауло Дибала. После секој гол Аргентинецот го прекриваше лицето со една рака со испружен палец и правеше некој вид маска.
Гестот го нарекоа „Маска Дибала“ а неговата смисла наскоро ветил дека ќе ја открие доколку снимките под хаштагот #Dybalamask достигнат 2.000. Набрзо предложи дека ќе му даде подарок и фудбалска топка со автограм на оној којшто ќе погоди но никој не дал точен одговор и Дибала на Инстаграм открил што значи.
„Тоа е гладијаторска маска! Кога се бориме, должни сме да бидеме како војници кои мора да бидат силни на теренот.“
Својот авторски гест Дибала првпат го примени на мечот Јувентус - Аталанта а од тогаш досега ниту еден негов гол не поминал без овој перформанс. Во таа смисла и двата еврогола против Барселона и фантастичниот погодок од слободен удар против Кротоне.