Овогодишното издание на Киненова кое се одвива на ТВ24 е одлична можност за следење на програмата која во пандемиска кино верзија не би го добила заслуженото внимание. Во неа и филм на млад ирански режисер кој со 31 година и само два долгометражни филма до сега ветува дека ќе биде големо име.
Почина на 65 години, откако ја загуби борбата со ракот. Но освен по неговата виртуозност на гитарата, тој би требало да биде запомнет и како човекот кој го има поднесено најдобро илустрираното барање за патент во историјата на американското патентирање.
„Кертејкер“ е еден од долгорочните проекти на англискиот електронски музичар Лиланд Џејмс Кирби, кој од својот прв албум „Избрани спомени од проколнатата сала за играње“ (1999) се занимава со природата на мемориите и начинот на кој тие се губат, како резултат на старост или на дегенеративни процеси во мозокот.
Една од работите на која се радуваме секоја есен е пародијата на Нобеловите награди, која оваа година се доделува по јубилеен, 30-ти пат. И навистина содржи живописни истражувања.
Најнов филм на Вернер Херцог, кој сигурно не е најдоброто од овој режисер. Но е на толку необична тема, и толку жанровски неодреден, што треба да се гледа.
Овогодинешното издание на Фестивалот на креативен документарен филм ќе се одржи од 19-26 август, со проекции во живо но и онлајн. Иако во овој контекст технологијата е позитивна придобивка, еден од филмовите на програмата укажува на страшните последици кои таа ги има по начинот на живот на културите за кои е (можеби) подобро да останат изолирани.
Од 1989 најмалку осум улични скулптури изникнале на улиците на холандскиот главен град. Наводно никој не знае кој е авторот, а некои од теориите за неговиот, во случајов нејзиниот идентитет, ја вклучуваат дури и некогашната холандска кралица Беатрикс.
Добро, не баш, ама дел од жителите на главниот град на Британија поставувањето на делото „Крајот“ на плоштадот Трафалгар го доживуваат како крај на добриот вкус. Сепак 9-метарско купче шлаг делува поинтересно од луѓе на коњ.
На сета мака, од чумите и ковидите може и нешто да се научи. Како што тоа го направила Фиренца во 14 век. И како што можеме и ние, ако навистина сакаме.
Германски истражувачи повикале 4.000 волонтери да присуствуваат на поп-музички концерт, за да им помогнат да ги проценат ризиците од заразување со коронавирус на масовни собири.
Некако не ни се верува дека поминале толку години. И тогаш, на 13 јули 1985, ни беше јасно дека станува збор за голем настан. Триесет и пет години подоцна, делува како нешто што никогаш повеќе нема да се повтори - 16 часа врвна музика, која преку 13 сателити и голем број ТВ приемници (во нешто што денес изгледа како „камено доба на телевизијата“) поврза скоро 2 милијарди луѓе.
Вистинското име ѝ било Марија Барбела. Во 1895 била обвинета за убиство на љубовникот и осудена на смртна казна. Нејзината приказна била медиумска сензација.
Еден од предметите за кои станавме посвесни во текот на пандемијата, заедно со прекинувачите за струја и гелендерите, се токму кваките. За жал тие ретко се предмет на естетски интерес.
Дури и нај-нај слика може да изгледа грдо ставена во несоодветна рамка. И не е само до убавината или грдоста, рамката знае да додаде значење и да претставува интегрален дел од целината. Па сепак, често нејзината улога се сведува на обичен „држач“ на сликата.
Пред повеќе од 20 години излезе книгата „Мемоар на годините на холокаустот“ од извесна Миша Дефонсека. Преку ноќ постигна огромен успех и беше преведена на 18 јазици. За потоа да излезе дека, иако е претставена како автобиографска, таа е всушност измислена. На сајтовите за продажба на книги сè уште стои во категоријата „светска историја“.
Калигула е еден од најозлогласените ликови во историјата на човештвото - брутален римски император, кој имал инцестуални врски со сопствените сестри, затворениците ги користел како храна за ѕверови и разговарал со месечината. Но во текот на животот сепак направил една добра (и поучна) финта - си го прогласил коњот за висок државен функционер.
Дали некој гестикулира додека зборува, или воопшто не ги употребува горните екстремитети, прави голема разлика во тонот и гласноста на изговореното. И ова го чувствуваме спонтано, дури и кога не го гледаме.
Култниот албум Angel's Breath е последно нешто што го направи Младеновиќ во својата богата музичка кариера. За жал, не го дочека неговото излегување. Овие денови издавачката куќа Кроација рекокрдс го реиздаде, а во продажба ќе може да се најде од 19 јуни.
Во 2016 биткоин - првата и до сега најпознатата криптовалута воспоставена далечната 2009 - почнала да привлекува внимание, поради подемот на нејзината вредност. Сепак, криптовалутите како концепт сè уште не биле доволно познати. OneCoin, ветувала Ружа Игнатова пред полни стадиони, требало да го потисне својот главен ривал, и да стане најсилната криптовалута на светот. Потоа исчезнала.