Официјалниот број на патентот е 4,656,917, а му е доделен на Едвард Л. Ван Хален од Лос Анѓелес, Калифорнија, на 14 април 1987. Самиот документ е многу интересен, иако содржи голем број референци и „сув јазик“ со кој се опишува изумот: средство за поддршка за жичани музички инструменти, како гитара, бенџо, мандолина.
„Помагалото е направено така што му овозможува на музичарот целосна слобода, да свири на сосема нов начин, да создава нови техники и звуци кои до сега не му биле познати на ниту еден музичар. Помошното средство се состои од плоча која лежи на ногата на свирачот, со што обете раце се слободни, а со оглед на тоа што инструментот е поставен хоризонтално во однос на телото, се обезбедува максимална видливост на површината“.
Како поддршка на барањето се дадени и четири цртежи на претходни изуми на кои се надоврзува овој на Еди. Првиот е мал сталак, исто така за на нога, но кој е корисен само ако музичарот седи. Патентиран е на 26 ноември 1918 од страна на Чарлс Џ. Расел.
Вториот е од 30 јануари 1934, патентиран од извесен Петар Расмунсен.
Третиот е држач на дулчимер, изум регистриран на Роберт Свартвут на 20 јули 1980.
Но сите тие имаат нешто заедничко - не се ни од далеку толку кул колку изумот на Ван Хален, и не овозможуваат свирење стоечки. Еве го цртежот на неговиот изум кој го поднел до надлежните, во кој и изразот на лицето на музичарот е нешто сосема поинакво.
Во интервјуа Еди изјавил дека идеите за помагала за гитара му дошле кога неговиот татко, Јан Ван Хален, исто така музичар, почнал да смислува начини да си го олесни свирењето. Откако загубил прст во пијан обид да помести приколка која им го блокирала влезот до дома, Јан прилагодил некакво капаче од саксофон за затворање на дупче на кларинет со што можел да свири со девет прсти. Кога почнал да ги губи забите и имал мака да свири со вилица, си направил мост од тефлон. И Еди уште од младоста си ги прилагодувал гитарите, а онаа првата си ја нарекол Франкенстрат затоа што била составена од делови од повеќе гитари.
Горниот патент не бил единствениот кој го регистрирал. Изумил, на пример, и механизам за прилагодување на тензијата, орнаментален дизајн на горниот дел на гитарскиот врат и други. Сепак илустрацијата за првиот „рокс“.