На 10 октомври 1896 Њујорк Тајмс прв пат вовел рубрика за книги, која во 1911 почнала да излегува како посебен додаток во неделното издание на весникот. Таа во текот на своето долго постоење станала една од највлијателните публикации за книжевни рецензии во светот.
Некои се фрлени, други закопани или запалени. Одбор на училиште во Онтарио уништил илјадници книги поради наводно пропагирање стереотипи. Помеѓу нив и стрипови за Тинтин и Астерикс.
Гиљермо Либри Каручи Дала Сомаја (1803-1869) бил италијански благородник и математичар, познат по својата љубов кон книгите. Која била толку голема, што украл ни повеќе ни помалку туку 30.000 од нив, и тоа прилично ретки и вредни.
Еден од предметите за кои станавме посвесни во текот на пандемијата, заедно со прекинувачите за струја и гелендерите, се токму кваките. За жал тие ретко се предмет на естетски интерес.
Дури и нај-нај слика може да изгледа грдо ставена во несоодветна рамка. И не е само до убавината или грдоста, рамката знае да додаде значење и да претставува интегрален дел од целината. Па сепак, често нејзината улога се сведува на обичен „држач“ на сликата.
Јуни 1374. Во денешен Ахен, Германија, празникот Св. Јован Крстител требало да се прослави вообичаено, како ден за одмор и молитва. Но наместо тоа, најпрвин во мали групи, а потоа масовно, луѓето почнале да играат како да се на техно журка.
Во рубрикава до сега сме пишувале за „цундоку“, односно за трупањето книги, во негативен клуч. Со блага иронија сме ги спомнале и најголемите трупачи во историјата. Но сега да ја видиме и другата страна - зошто поседувањето голем број книги (кои не сте ги прочитале) може да биде добро?
Eден холандски сликар, кого критичарите од времето пред Втората светска војна го сметале за „лузер“ и евтин плагијатор на делата на славните мајстори, решил им да се одмазди. И тоа скапо да го наплати.
Славната 30.000 години стара (но држеча) Вилендрофска Венера е еден од најстарите уметнички артефакти, и културно наследство од непроценлива вредност. Сега таа може да се пофали со уште нешто - нејзина слика е цензурирана заради голите облини, кои богами ги има.
Деновиве масовно се споделуваaт и се коментираат фотографии со „нова“ идеја за ентериерно уредување, поточно за уредување на полиците со книги. Која подразбира тие да се свртени обратно од вообичаено.
Досегашната практика на користење донирани книги, или такви донесени од семејството и пријателите, за затвореници од три њујоршки затвори се укинува. Сега тие ќе мора да си ги купуваат книгите, и тоа од ограничен број издавачи и мал број наслови.
Во 1820 во Франција била донесена првата жирафа, по име Зарафа. И самата не била свесна колкаво влијание ќе изврши не само врз зоолошкиот светоглед на тогашните Европејци, туку и врз нивната уметност, мода и ексцентрични фризури.
На 19 јули 1937, во организација на Адолф Циглер и нацистичката партија, во Минхен бил организиран настан на кој биле претставени 650 уметнички дела. Нивниот заеднички именител - дека тие всушност не се уметност, туку дела на дилетанти кои го навредуваат чувството за убаво.
Од сите работи кои можат да се украдат, криумчарат, продадат, книгите некако не се првите на кои човек би помислил. А сепак вакви случаи не само што имало туку има и денес, а во игра најчесто се и големи пари, и интерес за она што се води како „исчезнато“ од страна на академските кругови.
Книжарница во Далас се сетила како да натера луѓе да читаат класични романи - ја претворила нивната содржина во лажни вести. Како нашиов наслов на кој можеби кликнавте не очекувајќи го Чернодрински.
Запролети, и само што седнавме во двор на омиленото место под јоргованот, пред нас почна нешто да трепка - билборд со подвижна реклама за некакви светилки. Не дека не можеме да го помрднеме столчето, ама како побогу некој да се заштити од тоа да му се загадува погледот? Една изложба на отворено нуди решение, иако не трајно. Ние ќе мораме подесно-полево.
Измена во закон од 2013 во Романија им овозможува на осудениците да скратат 30 денови од нивната затворска казна за секое дело кое ќе го напишат и објават. Романските тајкуни и политичари затворени за корпуција сега се фатија за пенкалата.
Фриз фестивалот кој се одржува во Лондон во октомври (завршува денес 17.10) е основан 1991 и е еден од најголемите светски уметнички саеми. Оваа година еден уметник привлече посебно внимание иако не правеше ништо особено - само црташе портрети.
Неодамна, во саботниот печатен додаток за култура на српска „Политика" (пријател ни ги собира и ни ги дава топтан) излезе долг текст, во две продолженија, посветен на случајот Шломовиќ и неговата славна збирка уметнички дела, во која најинтересниот артефакт е всушност една - тетратка.
Со развојот на технологијата на обезбедување на книжарниците, како и со подемот на електронските изданија, ни крадците на книги веќе не се она што биле. Овие лондонските ги замислуваме како живописна, но софистицирана дружина апаши, на кои мора да им се признае - дека барем книга имаат отворено.
Писателот Остин Клеон, нам познат по бестселерот „Кради како уметник", манифест за креативноста во дигиталното доба, состави листа на сопствени ветувања во врска со читањето. Ни изгледа како фин вовед во Новата, иако повеќето од спомнатите работи веќе ги правиме. Ама бр. 5 ќе мора да гo вежбаме.