Тој не ги снима луѓето кои земаат некоја од неговите книги, ниту пак се навраќа на местата, туку остава обележувач за страници со неговиот мејл во секоја книга, надевајќи се дека некој што ќе ги земе и прочита потоа ќе му пише.
„Доколку би се враќал кај купчињата тогаш тоа би било слично до она што го живееме дигитално", изјавил Малик. „Можеме со часови да следиме наш пост на Фејсбук и како луѓето реагираат на него. Наспроти тоа, одлучив да оставам книгите да водат свој живот".
„Читачкиот проект" почнал минатата пролет додека Малик се обидувал да слика селфи на Брунклинскиот мост. Тогаш одлучил наместо да сподели уште една непотребна слика онлајн, со луѓето да сподели нешто физичко. Засега има оставено десетина купчиња низ градот на локации како Гранд сентрал или лифтови на прометни деловни згради, од околу 45-55 книги, со порака: „Земете книга. Која и да е книга. Кога ќе ја прочитате, пишете му мејл на уметникот". Помеѓу насловите до сега биле „Уметноста на војувањето", „Алхемичарот", „Подемот и падот на Третиот рајх" и „Буда влегува во бар".
До сега има добиено 70 мејлови од 30 земји во светот. За жал наскоро може да остане без книги, затоа што на неговата полица има само 3, кои ги чита во моментов. Но кога ќе собере доволно, планира да го прошири проектот, и тоа во Малезија и Бразил.
„Зборовите во книгите кои ми стојат на полица се безначајни и безживотни доколку не се читаат постојано. Луѓето кои учествуваа во овој проект сега се поврзани со мене на овој чуден но добар начин. НИкогаш не сум ги видел и не сум ги сретнал, но знам што прочитале и обратно. Тоа е интимно, сосема непознат човек да знае дел од мене".