1. Ќе најдам време за читање, на начин на кој наоѓам време да спремам јадење или да измијам заби
2. Ќе направам напор постојано да носам книга со мене.
3. Ќе читам што и да ме интересира. Романи. Песни. Есеи. Кратки раскази. Мемоари. Списанија. Весници. Стрипови. Книги за самопомош. Улични знаци. Реклами. Упатства за употреба. Стари љубовни писма.
4. Ќе читам што и да сакам, без да чувствувам вина околу изборот
5. Ќе се обидам да си го исчистам умот од очекувања пред да седнам да читам. На секоја книга ќе ѝ дадам шанса.
6. Ќе го исклучам ебениот телефон (и компјутерот..).
7. Ќе бидам добар партнер, но нема да дозволам авторот да ми го троши времето залудно.
8. Нема да завршувам книги кои не ми се допаѓаат.
9. Ќе дозволам досадата да ми се огласи како огромен гонг.
10. Ќе ја фрлам книгата на другиот крај на собата.
11. Ќе читам книга со молив. Ќе подвлекувам. Ќе ставам „увце". Ќе пишувам на маргините.
12. Ако треба ќе масакрирам книга.
13. Ќе си ги препишам омилените делови со рака, за да знам како изгледа да ги запишеш тие зборови.
14. Ќе ги препрочитам омилените книги на истиот начин како што гледам омилени филмови или пуштам омилени плочи одново и одново.
15. Ќе направам список на книги кои сакам да ги прочитам.
16. Ќе земам длабок здив и ќе си кажам дека Е НЕВОЗМОЖНО да се прочита сè.
17. Ќе го фрлам „Канонот" низ прозорец. (список таканаречени „најголеми" книги во западната култура)
18. Ќе правам список на книги кои ќе ги прочитам. Ќе го споделувам овој список.
19. Кога ќе најдам книга која ми се допаѓа ќе го обзнанам тоа со дерење.
20. Кога ќе најдам автор на кого му се восхитувам, кој прави стомакот да ми се стега, ќе прочитам сè што има од него. Потоа ќе прочитам сè што тој прочитал.
21. Ако замразам некоја книга, ќе си ќутам.
22. Слободно ќе ја користам реченицата „Тоа не е за мене".
23. Ќе ги прашувам луѓето што читаат. Ќе фаќам белешки.
24. Ќе чувам купови непрочитани книги при рака.
25. Во моментот кога ќе завршам една книга, ќе почнам нова.
26. Ќе одам во библиотека. Ќе одам во книжарници. Ќе копам по полиците.
27. Ќе читам библиографии. Ќе дозволам една книга да ме води кон друга.
28. Ако ми треба информација, ќе пребарувам и ќе користам Google Books.
29. Колку што е можно почесто ќе му читам на глас некому кој ми е драг.
30. Нема да зајмам некому книга ако сакам повторно да ја видам. Ако некој пријател ми побара на заем книга којашто ја сакам, ќе му ја купам и ќе му ја дадам.
31. Нема да ја потхранувам илузијата дека читањето ме прави подобар човек.
32. Нема да страдам заради илузијата дека читањето самото по себе ме прави подобар човек.
33. Ако не ми се чита, ќе правам нешто друго. Дури и - оп! - да гледам телевизија.