Пред некое време бевме присутни на тажна сцена - убава стара зелена табла беше заменета со „смарт“ од новите, која бара посебен и скап проектор, и која никој од прва не знае да ја користи без посебна обука. Не ги гибајте старите школски табли и кредата на нив!
Нова книга (ноември 2022) на Лусинао Вернике претставува детална анализа на најекстремните случаи на политичка злоупотреба на фудбалот. Почнувајќи од првото Светско првенство во Уругвај, авторот нè запознава со цела лепеза озлогласени личности кои сметале дека токму фудбалот ќе им помогне во одржувањето на моќта.
Тие не се само списоци на храна и пијалоци, информативни помагала и ценовници. Менијата знаат да бидат реклами сами по себе, алатки за заведување, да будат интимни спомени и, понекогаш, да станат скапоцени колекционерски предмети.
Часовниците ветуваат контрола, ефикасност, но на времето не му е гајле. Тоа си тече и минува, со или без нас во него. Всушност, ние минуваме. Тоа само Е.
Во октомври 2019 австралискиот психолог Стивен Тејлор објавува нешто што подоцна ќе излезе пророчка книга. Тоа едвај му успева, бидејќи издавачите на коишто им се обратил не верувале во нејзината релевантност и комерцијалност. Сега се бара примерок повеќе.
„Земја прогонувана од демони: вештерки, надрилекари и духови на минатото“ е книга на Моника Блек од 2020 која претставува малку поинакво читање на поствоената историја на Германија - не како новородена демократија, туку како нација оптоварена со суеверија и опсесија со надреалното.
Звучи како народна легенда или како нешто излезено од роман на Жил Верн: река што врие, ама буквално. Еден млад истражувач прв пат слушнал за неа од дедо му од Перу. Станал геофизичар и одлучил да открие дали приказната е вистинска.
Марија Коникова мразела казина и коцкање. Но почнала да игра покер како дел од нејзиното истражување на факторите на случајност и веројатност. Набргу ѝ тргнало. Сега има и пари од играњето, и нова книга.
Еден од предметите за кои станавме посвесни во текот на пандемијата, заедно со прекинувачите за струја и гелендерите, се токму кваките. За жал тие ретко се предмет на естетски интерес.
Дури и нај-нај слика може да изгледа грдо ставена во несоодветна рамка. И не е само до убавината или грдоста, рамката знае да додаде значење и да претставува интегрален дел од целината. Па сепак, често нејзината улога се сведува на обичен „држач“ на сликата.
Јуни 1374. Во денешен Ахен, Германија, празникот Св. Јован Крстител требало да се прослави вообичаено, како ден за одмор и молитва. Но наместо тоа, најпрвин во мали групи, а потоа масовно, луѓето почнале да играат како да се на техно журка.
Ниту една друга телесна состојба - сексуална ориентација, зависност, болест - не е толку долгорочно демонизирана во западната култура како вишокот килограми. Нова книга се обидува да покаже зошто.
Наместо да се трудиме по секоја цена да си ги потиснеме негативните чувства и со сила да му се радуваме на животот, како би било да си кажеме што ни лежи на срце? Нова книга со активности го овозможува токму тоа.
Вообичаената мантра е - ако чуваш некој гнев или незадоволство во себе, тоа не е здраво и треба што побрзо да се надмине и заборави. Нова книга го тврди обратното: лутината е корисна, затоа што нуди морален компас и го крепи достоинството.
Eден холандски сликар, кого критичарите од времето пред Втората светска војна го сметале за „лузер“ и евтин плагијатор на делата на славните мајстори, решил им да се одмазди. И тоа скапо да го наплати.
„Помеѓу надеж и страв“ е веројатно најдобриот наслов за книга која се однесува на вакцините. Нејзиниот автор се осврнува на историјата на анти-ваксерското движење, истовремено истражувајќи ја и историјата на човечкиот имунитет.
На 30 август ќе излезе новата книга на Харари, која се занимава со најактуелните проблеми со кои се соочуваме денес, како климатските промени, подемот на вештачката интелигенција и реперкусиите на промените врз национализмот и религиите.
Додека кај нас политичките препукувања одамна станаа предвидливи, во САД тие на моменти добиваат неочекувани облици. Кога нам ќе ни текне, на пример, некого политички да дисквалификуваме затоа што имал фетиш кон фиктивни чудовишта?
Неодамна Симпсонови ја прикажа својата 636 епизода и со тоа стана најдолго прикажуваното телевизиско шоу во американската историја. По скоро 30 години тоа стана институција, како што ретко се случува со која и да е серија.
Славната 30.000 години стара (но држеча) Вилендрофска Венера е еден од најстарите уметнички артефакти, и културно наследство од непроценлива вредност. Сега таа може да се пофали со уште нешто - нејзина слика е цензурирана заради голите облини, кои богами ги има.
Славниот француски филозоф има изјавено дека по неговата смрт не сака да бидат печатени неговите недовршени дела. Но оваа недела, по повеќе од 30 години од неговата смрт, во Франција ќе биде издадена негова нова книга, од издавачот Галимар.
Во 1820 во Франција била донесена првата жирафа, по име Зарафа. И самата не била свесна колкаво влијание ќе изврши не само врз зоолошкиот светоглед на тогашните Европејци, туку и врз нивната уметност, мода и ексцентрични фризури.