Тешко е да се замисли како му било на Аристотел во негово време, кога не бил „древен“. Бил интердисциплинарен пред воопшто да постојат различни дисциплини, пишувајќи за филозофија, политика, психологија, етика, музикологија. Но како што се обидува да покаже Едит Хол, тој денес би можел да биде и „лајф-стајл коуч“, не за древни, туку за многу актуелни проблеми.
Шекспир починал кога Милтон имал 8 години. Славниот автор на „Загубениот рај“ (на македонски препеан од Драги Михајловски) се смета за книжевен наследник на бардот. Но сега има и доказ за нивната духовна поврзаност.
Тешко е да се замисли време кога ликот и делото на Ајнштајн не биле познати. Но да не се појавел еден астроном кој ги промовирал неговите теории, тој можеби ќе останел само фуснота.
Во терористичкиот напад на две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд od 15.3 беа убиени најмалку 49 луѓе, а 20 беа ранети. Убиецот, кој е уапсен, претходно напишал анти-имигрантски манифест, во кој, меѓу другото, цитира една славна песна.
Книгата се појави во книжарниците во петок 4-ти јануари, а денес, 5-ти, таа е веќе на првите места на топ листите. Во Франција е издигната на ниво на национален настан.
„Тој беше млад и убав, мајчина радост и гордост - но умре во големи маки, слеп, болен и парализиран, на само 17 годни. Да ги знаеше последиците на мастурбацијата, можеби ќе поживееше“.
Има голем број писатели кои истовремено биле и воени ветерани - Витман, Селинџер, Толкин. Тешко е да се замисли дека еден од нив бил и По. Важел за добар и мотивиран војник, до моментот кога бил исфрлен од армијата.
Оние чијшто придонес на социјалните мрежи се мери во валута „збор-алтан“ често знаат да пуштаат во етер цитати од Ајнштајн. Со негови мудри изреки почнуваат мотивациски говори, се печатат маици и се почнуваат книги. А тој кутриот можеби никогаш не го кажал тоа што му го припишуваме. Од каде ни е тогаш таа потреба?
Ако некој ви каже дека славниот старогрчки еп личи на „Гејм оф тронс“, тоа веднаш звучи некако попримамливо отколку „куп стихови во хексаметар“. А па ако ви го претстави преку нешто што повеќе личи на актерски перформанс отколку на професорско предавање, е тогаш можеби ќе посакате и навистина да го прочитате. Барем неколку странички.
Во време кога уредувањето на текстот е повеќе прашање на мрза отколку на технички можности, тешко е да се замисли со какви проблеми се среќавале писателите од минатото. Но една жена смислила креативно решение.
Антонио Дамасио, веројатно веднаш по Оливер Сакс, е невронаучникот во чии популарни книги се промовира важноста на биолошката основа на она што најчесто се сместува во сферата на психолошкото - чувствата. А тие според него не се некаков нус-производ на еволуцијата, туку обратно, одиграле суштинска улога во нашето преживување како вид.
Западната книжевна традиција не може да се замисли без „Илијада“ и „Одисеја“, а секако и без нејзините преведувачи. Ново издание на „Одисеја“ на англиски е прво во долгата англо-саксонска традиција на преводи на ова дело започната во 17 век, препеано од жена.
Војо Шиндолиќ, новинар, поет и преведувач на импресивен список дела на американската книжевност, неодамна објавува „ексклузивно“ интервју со неговиот (наводен) долгогодишен пријател Дилан. Ама меѓу неговите колеги има некои и музички и новинарски потковани. Па го фаќаат во лага.
Aмериканската асоцијација на музички издавачи, на свеченоста оддржана во Њујорк по повод 100 години од нејзиното постоење, ја прогласи Оно за ко-автор на хитот на Ленон од 1971, Imagine.
Ако успешен македонски уметник прави филигран или креира облека инспириран од локалната традиција, тоа се смета за промовирање на истата. Кога тоа го прави (не-домороден) канадски уметник, тогаш тоа е расизам, плагијат, кражба. Можна ли е уметност во такви услови?
На 1 јануари излезе новиот албум на пионерот на амбиенталната музика, кој има изјавено дека може да замисли ситуација во која нашите внуци со чудење ќе нè прашуваат како е можно да сме ги слушале истите песни одново и одново. Затоа, визионерски работи на таква музика која самата се пресоздава.
Едно од нај „кафкијанските“ доживувања е кога некој итно ви треба а на неговиот телефон ви се приклучува телефонска секретарка, или кога заглавувате во лавиринт на говорни автомати со првото „за тоа и тоа притиснете 1“. Идејата за ваквата технологија можеби потекнува токму од Кафка?
И покрај купот инфраструктурни, економски и други проблеми во Албанија, нејзиниот премиер наоѓа време и за сликање. Во моментов е во тек негова изложба во една од врвните светски галерии.
Пред некое време пишувавме за „аналитичкиот“ текст на извесен Клаудио Гати, кој го обелодени вистинскиот идентитет на до скоро анонимната италијанска авторка. Од таа негова објава до денес не стивнаа осудувањата на неговата постапка. Меѓу посвежите и поострите е овој, на Јерговиќ, од кого пренесуваме делови.
Позната е изреката дека животот често знае да ја надмине фикцијата, нудејќи приказни кои не би можел да ги замисли ни ум од калибарот на еден Бароуз или Хантер Томпсон. Каде може да се најдат такви стории? Позборувајте со човек што „работи со луѓе". А ако токму вие сте еден од нив, ова е можност да ги споделите вашите.
Во културолошка смисла Ленон е фигура со колосално симболично значење - никој подобро не ја отсликува нарцисоидноста на модерна Британија. Оттаму, иронично е што токму овој човек ја има напишано „Замисли", песна со наводно визионерски идеи за подобар свет, вели нова книга на еден британски историчар.
Текст кој не е лесно ни да се чита, ни да се преведува со замаглени очи. Истите оние со кои ги гледаме фотографиите поврзани со него, на тој начин учествувајќи во реалноста на една детска смрт, неподнослива за секој кој има душа.