На интернет протече снимка од млад дечко кој се снимал како се буфта во официјалните простори на американскиот Сенат по што брзо отказ од позицијата помошник на еден сенатор. Ок, младост, лудост. Она што ни е поинтересно; дечкото пробува да се позиционира како жртва во целиот случај. А други го јачаат дека тоа неговото било бунтовништво.
Тиндер и слични апликации засекогаш го сменија културниот релјеф, особено што сега таргетираат и корисници според вера, професионални достигнувања и други нишки. Сепак, има индикации дека се на заминување.
Во деновите пред нападот од 7 октомври на берзата во Њујорк вложени се огромни суми пари кои се кладат на тоа дека во скоро време вредноста на израелските акции ќе падне.
Повеќе од две децении откако беше легализирана, германските политичари сега бараат начин како да ја забранат проституцијата, бидејќи државата почнала да станува „борделот на Европа“.
Ако Трамп или Болсонаро ви изгледаа ексцентрични и контроверзни, чекајте да го видите Хавиер Милеи, крајниот десничар кој стана претседател на 45 милионската Аргентина. Вака „полемизира“ човекот кој има фитил пократок од оној на Јаран од Ноќна Мора: - Оние левичарски говна... - (водителката) Ама зошто ги нарекувате така? - Затоа што се говна.
Германски студенти деновиве гласаа околу едно од најгорливите прашања што ги тангира во 2023: дали во јавните тоалети во еден тамошен универзитет треба да се постават „глори-холс“ за анонимен секс.
После обвинувањата за Расел Бренд, дека бил во врска со 16-годишна ученичка, се појавува дискусија во јавноста во Велика Британија, каде што возраста на која личност е способна да одлучува сама за врски и односи е 16 години.
Малку работи се поризични за славна личност од моментот кога нивните демоде погледи на светот ќе се објават на социјалните мрежи. Ваква лекција научи поранешната пејачка на Молоко, Рошин Марфи.
Копијата на Икс (Твитер) на гигантот Мета блокира да се интересирате за ковид, но и за ред други „непријатни“ теми. Ќе пуштеле резултати за пребарувањата кога ќе биле сигурни дека тие ќе бидат „квалитетни.“ Надвор од темата: пишурија беше да се следи како на Threads итно се натопорија локалните квази- прогресивци, среќни што си нашле место далеку од лошиот Маск.
Секако дека идните вселенски туристи ќе имаат секс во вселената и тоа главно не е проблем, но што и да прават треба да гледаат да не затруднат во вселената, се порачува во истражување направено баш на оваа тема.
Неименуван извор изјави дека во разговор со странски политичар, било спомнато дека нивната влада претпоставува дека Џо Бајден нема да биде кандидат на Демократите во 2024, пишува Тим Стенли во текстот за Телеграф. Џо ќе се повлече пред првите партиски избори, што ќе биде предоцна за во трка да влезе кандидат предложен од базата, па на конвенцијата ќе биде крунисан предлогот на естаблишментот. Кое е името на среќниот добитник? Мишел Обама.
Таткото на панкот и фронтмен на Секс Пистолс, Џони Лидон (екс Џони Ротен), запука по денешните либерали затоа што проповедаат масовни миграции и уништување на работничката класа, во име на некаков модерен елитизам. „Викаат црнци на вечера само затоа се црнци и само затоа што сега тоа е фенси,“ вели Џони за снобовите кои се нарекуваат прогресивци.