Машки проблеми

Мажи се отвараат за проблеми што „жените никогаш нема да ги разберат“. Звучи како да ќе се смееме, ама нема.

1. Имав ситуација каде што ја слушнав мајката на девојка ми кога кажа дека мажите имаат само две емоции - бес и напаленост. Во основа, сакаше да каже дека сите мажи со емоции се измамници што лажат за да добијат секс.

2. Прашања како:

  • Зошто носиш розево? Машко си.
  • Зошто пиеш било што што не е пиво? Машко си.
  • Што бараш на час по грнчарство? Машко си.
  • Зошто си плачел на филм? Машко си.

Скоро секој маж добива вакви прашања редовно и веројатно веќе не ни забележуваат.

3. Пробуваш да најдеш баланс меѓу емотивна ранливост и мажественост на начин кој сè уште ќе те прави привлечен. Ова се пресликува во комуникација, секс, однесување и речиси сè во една врска.

4. Бев жртва на семејно насилство и од полициска станица ме избркаа со исмевање кога пробав да пријавам.

5. Ако зборуваш со дете инстантно те гледаат како педофил. Еднаш бев излезен со мојата тригодишна внука на игралиште - половина час подоцна дојде полиција. Требаше да ја викам сестра ми да расчисти.

6. Се очекува во страшни ситуации да бидеш храбар, а и ти си изваден од памет и не сакаш ништо да правиш.

7. Ако не ги изразуваме емоциите на начин кој одговара со очекувањата, обично преку дела или говор на телото, не се примаат, или не се сфаќаат сериозно, дури и кога јасно се комуницираат. Не е важно како сме рекле дека се чувствуваме. Потоа, ако се развикаме или се расплачеме, емоциите конечно ќе бидат разбрани, но луѓето ќе го променат мислењето за нас, обично во негативен правец. Нема кај нас „се изнервирав“. Мораме да имаме контрола постојано затоа што или ќе нè сметаат за многу страшни или многу слаби, но и така нонстоп ни се кажува дека не сме доволно отворени.

8. Да се обидеш да поканиш жена на дејт со едвај, или без ич сигнали дека можеш. Да мораш да пристапуваш и да ја иницираш секоја романтична интеракција, без да изгледаш очајно или морничаво.

9. Ако не си отворен за чувствата, токсичен си. Ако си отворен, или си нељубезен, или си пичка. Смееме само ТОЧНИТЕ чувства да ги имаме, во точно време, кога на сите им одговара.

10. Не ни веруваат кога се работи за сексуален напад. Сексуално ме нападна девојче од мојот клас одамна, и кога кажав во школо, не направија ништо. И моите родители се инволвираа и сепак одбија да направат било што.

11. Јас и жена ми сме многу нежни со нашиот син. Многу гушкања и бакнежи. Знам дека ќе дојде момент кога тој нема да го сака тоа од мене, но од неа сè уште ќе му биде во ред таква љубов.

12. Современото општество може да нè гледа како тотално бескорисни, а сепак одговорни за сè.

13. Да пробуваш да сфатиш дали ѝ се допаѓаш, или само е фина.

14. Средовечна осаменост, особено за женети мажи, со деца. Ако не си средовечен сељак, веројатно немаш другари. Никакви. Можеби се дружиш со колеги од работа, или ќе дојдат некои гости од комшии, но тие се едвај познаници. Последниот другар си го имал пред 10, може 20 години. Во овој момент изгледа и како општеството да очекува да е вака.

15. Не е во ред да бидеш стереотип кој на жената ѝ кажува да му направи ручек. Но, прифатливо е - дури и пожелно - жената да ме кара што не можам да кренам нешто тешко и да ми вика „Машко си, треба да можеш!“

16. Понекогаш, сака само да слушам (и слушам), а понекогаш сака да средам (и тоа правам). Погодувам само 50% од времето, другата половина е викање дека не сум направил како што треба.

17. Имам ужасен проблем со плачење, дури и кога ми е најлошо и имам константен нагон за плачење со недели, нема да плачам и не можам. Понекогаш мислам дека не можам да плачам без дозвола. Свесен сум дека не ми треба дозвола, но телото тоа не го интересира.

18. Жените не знаат како цел живот да ти помине без никој да помисли да ти подари цвеќе.

19. Се обидуваш да не уживаш во секс, затоа што ако уживаш, кратко траеш и не си вистински маж.

20. Пробуваш да сфатиш дали треба ти да платиш на дејт, за да бидеш фин, но можеби треба да поделиш сметка, затоа што сте еднакви, но има нееднаквост во платите, па може треба да платиш затоа што си машко, ама па, родовите улоги треба да се отфрлат?

извор

18 август 2023 - 15:18