Војната во Украина наполни една година. Некои кругови во Москва се надеваа дека лесно ќе се прошета до Киев а кругови во Вашингтон и Брисел беа убедени дека ригорозните санкции ќе ја клекнат Москва на колена. Ни Русите извојуваа воена победа, ни Запад ги постигна своите цели на економскиот фронт.
Кина ја обезбедува технологијата што на руската армија и е неопходна да ја води војната во Украина и покрај меѓународниот кордон на санкции и контрола на извоз, тврди Вол стрит журнал откако прегледува документи од руската царина.
Американската јавност троа се шокираше од јавното признание на екс претседателот Доналд Трамп дека Стејт Департментот стоел зад украинската револуција од Мајдан. Ајде? Ах бе, Трамп, кој видел една, ги видел сите Шарени револуции. Заев веројатно би реагирал како Мујо кога го прашале дали ги видел пирамидите: Шта видо, јебо!
До сега помалку од половина од финансиската помош што Западот и ја вети на Украина од почетокот на војната има стигнато во Киев, пресметуваат западни аналитичари.
Фразата што ја користи американскиот генерал Глен Ванхерк, командантот на НОРАД, за тоа како на цела таа грдна одбрана и технологија им се протна кинескиот балон е „процеп во подрачната свесност“, што според колумнистот на Блумберг, Ниал Фергусон, е совршен пример на пентагонски јазик.
Основачот на Вагнер групата обвини неименувани руски воени функционери дека одбиваат да им испорачаат на борците на Вагнер доволно муниција како последица на ривалството меѓу него и дел од руската елита.
Брзањето и итноста на испораката на западните тенкови во Украина е затоа што Русија ќе тера со својата пролетна офанзива без разлика дали тие стигнале или не. Сега излезе дека и тоа што ќе стигне ќе биде малку.
Некаде пред Божиќ конвој возила на германските безбедносни служби се паркира пред една куќа во германското гратче Вилхејм, каде е дојдена да уапси еден од локалните фудбалски тренери за деца. Тоа што локалците не го знаат е дека 52-годишниот тренер е директор на техничко разузнавање на БНД, германската служба за шпионирање во странство.
Шефот на индиската дипломатија одржа неколку убојити морално-политички лекции за Европа, САД и Запад кои веруваат дека нивните проблеми се и светски проблеми, ама светските проблеми не се и нивни. „Зошто некој во Европа би ви верувал?“, прашува новинар. „А зошто вие мислите дека некој во Азија би ви верувал?“, одговара Субраманјам Јаишанкар.
Западот почнува да се освестува околу реалноста дека ќе треба да ја одржуваат украинската армија низ долг и крвав конфликт, пишува Хенри Фој во текстот за Фајненшл тајмс.
Западот е опседнат со идејата дека „војната на Путин“ не е војна на Русија, и дека Руси ја поддржуваат само затоа што се претворени во зомбија од страна на режимот. Toa е само уште еден облик на пропаганда, кој одбива да прифати дека интелигентни луѓе можат да дојдат до поинакви перспективи, пишува западната аналитичарка Џејд МекГлин.
Неполна недела откако се појавија извештаите на разузнавачките служби дека „Путин игра на време“ Вашингтон пост објавува дека американски функционери почнале да ги притискаат украинските лидери дека е крајно време да се направи значителен напредок на военото поле.
Украина моментално има две големи потреби, едната е муниција за оружјето што го доби, другата е сосема ново оружје и сосема нови типови оружје. Оваа првата е многу поалармантна.
Администрацијата на Бајден се подготвува од Конгресот да го побара најголемиот буџет што Пентагон некогаш го имал, тврди финансовиот на американското министерство за одбрана.
Најавата на Нетфликс дека од март ќе почне со оневозможување делење пасворди со роднини и пријатели ќе има далеку поголеми последици за светот од само односот на една компанија со своите корисници и би можело да го редефинифира начинот на кој го користиме интернетот. Се разбира, ако им успее.
Украински функционери за Вашингтон пост тврдат дека тие речиси никогаш не лансираат ХИМАРС ракети без да имаат детални координати испратени од американски воен персонал стациониран во Европа.
Рускиот претседател е уверен дека во војната во Украина времето е на негова страна и за сега во ниту еден момент не ни помислува за запирање на инвазијата, тврди естонското разузнавање.
Додека другата опрема стигне во Украина американски производител на воени дронови му понудил на Киев да му продаде два Рипер МКу-9 дронови по цена од 1 долар.
Кога Бајден го даде годишното обраќање за Состојбата на Унијата пред Конгресот, тој имаше многу за што да се пофали, пишува Мишел Голдберг во колумната за Њујорк тајмс во кој го повикува американскиот претседател да се откаже од уште една претседателска трка.
За Шеврон веќе пишувавме дека пливаат во пари. Сега и БП ги пријави годишните профити за годината во која избувна војна во Украина која предизвика огромен пораст на цените на енергенсите. Тие профити им се рекордни не само за лани- преклани, туку за последните 114 години.
Приходите на руската влада од нафта и гас издишале во јануари што придонело за најголемиот буџетски дефицит за првиот месец во годината најмалку од 1998.
Поранешниот израелски премиер обелодени дека САД и западните сојузници ги блокирале неговите обиди за мир во Украина. А тој се чинел можен и дофатлив, бидејќи двете страни се согласиле на сериозни отстапки. Само што правеле 'есап без крчмарот' кој решил да мава по Путин а не да преговара со него.
Поранешен американски полковник и негов колега со децениски стаж во Украина на почетокот од војната решаваат да ја формираат Моцарт групата која треба да биде украински пандан на далеку попознатата и озогласена руска Вагнер група. Додека Вагнер го предводи рускиот јуриш во Бахмут, во Киев Моцарт прогласи стечај.