Буџетот ќе биде за 2024 и треба да е поднесен за разгледување на 9 март. Две главни ставки на потрошувачка ќе бидат обновување на американските залихи со најразлична муниција и продолжување на поддршката за Украина, која ги топи американските резерви.
Во декември американскиот Конгрес предложи финансирање на националната одбрана во износ од 858 милијарди долари, што е 45 милијарди повеќе од тоа што Бајден го бара. Во овие пари се вклучени 817 милијарди за Пентагон, и милијарди за развој на нуклеарно оружје преку најразлични програми.
Проблемите за Бајден доаѓаат од промената на власта во Претставничкиот дом кој сега го контролираат Републиканците кои инсистираат на намалување на сите трошоци на Владата, вклучително и за одбрана и се против кревањето на границата на долгот на САД. Дел од републиканците пак навиваат за тоа да не се кратат парите за одбрана, туку намалувањето на трошоците да се прави во сите други не-воени области.
Друго решение што го предлагаат републиканците е Пентагон да ги скрати сите пари што ги дава на „освестени“ теми, како разноликост, инклузивност и климатски промени. Според финансовиот на Пентагон, Мајкл Мекорд, овие трошоци секако се ситни.