Украина е останата речиси без муниција

Украина моментално има две големи потреби, едната е муниција за оружјето што го доби, другата е сосема ново оружје и сосема нови типови оружје. Оваа првата е многу поалармантна.

Алармирањето е од главниот дипломатски советник на Зеленски, Игор Жовква, кој тврди дека резервите на украинската армија се речиси на нула и „затоа нападите од Русија се многу поинтензивни“.

Жовква пак инсистира на ракети со голем домет, кои според него никој ни на момент не помислил да ги користи за гаѓање на руска територија, туку за ослободување на сопствената, бидејќи контра-офанзивите се почнуваат со артилериски оган и големи залихи на муниција.

Во разговорот со Блумберг тој повторно ги спомнува и воените авиони кои Западот за сега одбива да и ги даде на Украина по иста основа како и ракетите со голем домет, да не застранат накај Русија. Процената на Жовква е бидејќи украинските пилоти се многу искусни ним нема да им бидат потребни години обука, туку дека ќе го совладаат материјалот во рок од неколку месеци, порачувајќи дека тоа треба да започне што е можно побрзо.

Тој порачува дека Украина прави се што може во војната против Русија и дека нејзините војници се храбри и мотивирани да ја ослободат земјата, за разлика од руските кои немаат мотивација, и за тоа им е неопходна западната помош што ја бараат.

13 февруари 2023 - 15:33