У реду е Трамп, знаеме

Американската јавност троа се шокираше од јавното признание на екс претседателот Доналд Трамп дека Стејт Департментот стоел зад украинската револуција од Мајдан. Ајде? Ах бе, Трамп, кој видел една, ги видел сите Шарени револуции. Заев веројатно би реагирал како Мујо кога го прашале дали ги видел пирамидите: Шта видо, јебо!  

Третата светска војна никогаш не била поблиску отколку што е сега. Треба да си ја исчистиме куќата од сите воени хушкачи, американските глобалисти, Длабоката држава, Пентагон, Стејт Департментот, воено-индустрискиот комплекс... 

Една од причините што јас бев единствениот претседател што не започна војна беше тоа што бев единствениот кој ги одби катастрофалните совети на многу генерали од Вашингтон, бирократи и таканаречени дипломати кои знаат само како да нè вовлечат во некој конфликт, а не и да нè извлечат од таму.  

Со децении ги имаме истите луѓе, како Викторија Нуланд и слични на неа, опседнати со тоа да ја буткаат Украина кон НАТО, да не ја спомнувам поддршката на Стејт Департментот на револуцијата во Украина.

Овие луѓе кои долго време само бараат конфронтации, како што беше случајот со Ирак и други делови на светот, сега нè носат на раб на Светска војна. Многу луѓе не го гледаат тоа, но јас го гледам, а сум бил во право за многу работи. 

Ништо од ова, на никој начин не ја оправдува ужасната инвазија на Украина, која никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател. Немаше шанси за тоа. Но значи дека ние во Америка мора да се ослободиме од корумпираниот естаблишмент кој со децении доминира врз сите важни одлуки од надворешната политика, вклучително претседателот Бајден чии блиски луѓе сами имаат кажано дека тој нема донесено ниедна добра одлука кога се работи за други држави, војни.... Мора да ги замениме со луѓе кои ги поддржуваат американските интереси.

Стејт Департментот, Пентагон и естаблишментот за национална безбедност ќе изгледаат многу различно до крајот на мојот мандат а тоа ќе се види уште на почетокот.

Ќе ги сопреме и лобистите и големите добавувачи на воена опрема да го буткаат нашите високи армиски лица да навиваат за конфликти, само за подоцна дебело да ги наградат кога ќе се пензионираат, со лукративни ангажмани и да бидат плаќани со милиони и милиони долари. 

Само погледнете ги глобалистичките и воено-хушкачки донатори кај нашите политички противници. Тие се кандидати за војна. Јас сум претседател кој испорачува мир и тоа мир преку моќ. Постои причина зошто не влеговме во војна, бидејќи другите држави ја почитуваа нашата воена моќ. Не сакаа да се плеткаат со САД, а сега ни се исмеваат.

Со вистинско лидерство, можеме да му ставиме крај на украинскиот конфликт за 24 часа. До крајот на моите следни 4 години, воените трабанти, измамници и лузери ќе ги нема и ние ќе имаме нова постава од компетентни луѓе за национална безбедност кои над сè, веруваат во бранење на американските интереси. 

Ви благодарам.

п.с. Трамп зборува за мир, за прекин на војната, за непочнување нови конфликти?

Значи пак ќе го прават расист.

22 февруари 2023 - 11:40