Киев очекува да добие вкупно 320 западни тенкови, меѓутоа процените што ги пренесува британски Тајмс покажуваат дека на почетокот на април во Украина ќе има пристигнато едвај 50 тенкови.
Меѓу другите, прво Британија вети 14 Челенџер 2 тенкови, по што Германија најави 80 Леопард 2 од сопствената војска и од сојузници, САД ветија 31 М1 Абрамс тенкови, а Данска, Германија и Холандија вети дополнителни 178 Леопард 1 тенкови, од кои најголемиот дел се произведени за време на студената војна.
Германскиот канцелар кој вети дека за време на Безбедносната конференција во Минхен ќе проба да ги убеди своите партнери да испратат над 80 Леопард 2 тенкови, во исто време признава дека главниот ефект од оваа помош би можел да биде симболичен а не некаков стратешки напредок „бидејќи дел од тенковите е веројатно да бидат стари и помалку корисни“.
Од вака триумфалните ветувања, Британија сега смени дека во првата пратка ќе испорача само 4 тенкови, заради логистички проблеми. Од 80-те Леопард 2, прво веројатно ќе пристигнат само 28 (по 14 од Полска и од Германија), плус 4 од Канада и три од Португалија.
За американскиот Абрамс веднаш по соопштението се разбра дека најрано што можат да пристигнат е следната година.
Критика за Западот доаѓа и од латвискиот министер за надворешни работи Едгар Ринкевичс според кого Западот уште калкулира со помошта како од почетокот на војната.
„Постои едно чувство, а тоа го гледам и кај мојата војска, на 'ајде да не и дадеме сè на Украина'.
Одбранбените функционери се уште сметаат дека има потреба нешто да задржат... но ни мораме целосно да ја мобилизираме воената индустрија. Таа се уште не е на потребното ниво.
Русите работат по три смени на ден во нивните фабрики. Западот работи на една. Таму треба да ја намалиме разликата,“ порачува Ринкевичс.
Германците се гневни и затоа што по толкав меѓународен притисок врз нив, сега не можат да го разработат сервисот за воена опрема што го имаат во Словачка на само 40 км од украинската граница, заради чиста бирократија. Периодов неколку топови Гепард кои беа оштетени во војната заради документи не можеа да бидат сервисирани во Словачка, па мораа да патуваат 2.000 километри до Германија и назад.
За случајот словачкиот министер за одбрана, Јарослав Над, објаснува дека оружјето технички требало да биде класификувано како увоз од Украина а германската компанија што го работи сервисот не го испочитувала тој дел од процедурата.