Македонската репрезентација вечерва во Букурешт имаше луксуз да си дозволи пораз 24-22, па со оглед на убедливиот триумф од Скопје 30-22 на првиот меч, одиме на мегдан со силната Чешка за карта за Мундијал.
Македонската ракометна репрезентација обезбеди убава предност од +8 во првиот бараж меч за СП против Романија со која за само два дена игра реванш на гости. Мотивираниот Филип Талески експлодираше во напад.
Младиот бисер на клубот од предградието на Лондон, Мајкл Акповие Елисе, роден на 12 декември 2001-ва година може да игра за најмалку четири репрезентации чии федерации секојдневно се борат за него.
Ништо не навестуваше дека кралевите синоќа во последните 30 минути ќе го уништат патот на ПСЖ до трофејот, на кој целат веќе неколку години откако изградија дрим тим со арапски пари. Ама Реал е Реал. Има непроценливо искуство во ЛШ, моќ, ама и верни навивачи кои се ветер во грб за играчите. Пред мечот ги мотивираа како пред финале.
Македонскиот шампион Вардар 1961 ја заврши групната фаза во Лига на шампиони и тоа во голем стил, со триумф 39-30 над норвешкиот првак Елверум. Ова за „црвено-црните“ беше потврда дека се во топ форма, одиграа најдобар меч сезонава и со големи амбиции одат во осминафинале против унгарски Веспрем. Тимур Дибиров беше играч на мечот со седум гола од кои еден беше права атракција за публиката.
Етичката комисија на фудбалскиот сојуз на Украина (UAF) побарала од телото на оваа институција кое носи одлуки, на рекордерот по бројот на настапи за репрезентацијата, Анатолиј Тимошчук да му се одземе буквално се што го поврзува со фудбалската селекција на Украина.
Ако некој сметаше дека реваншот Баерн Минхен - РБ Салцбург после 1:1 на првиот меч ќе има некаква неизвесна интрига, Роберт Левандовски го разувери уште од самиот почеток. Полјакот беше автор на еден од најбрзите хет-трик подвизи во ЛШ.
Интер синоќа си замина со победа од Енфилд Роуд, недоволна за пласман во четвртфинале, а момците на Клоп се изнапромашуваа зрели шанси, особено во второ. Салах ја искрши стативата, а Видал на крај ептен му се најде на Хандановиќ.
Паралелно со трансформацијата на Еуфофарм Пелистер и убавите партии и резултати на европска сцена, во топ форма се и битолските навивачи кои прават одлична атмосфера.
Ракометарите на Нант загубија на гостувањето против Бенфика со 31:30 во меч од Лига Европа, а најубавиот гол на колото е дело на македонскиот феномен кој скока и реализира цепелини, без разлика што за два месеци полни 42.
Во тоа осминафинале, Барселона ги помести границите во фудбалот, затоа што никој претходно во нокаут фазата од ЛШ, не успеал да елиминира тим после пораз од 4:0. Три гола им дадоа во последните 7 минути. Кој ли веруваше?
Мексиканскиот фудбал повеќе личи на фудбал, отколку на војна, ако се суди по инцидентот кој се случи викендов. Властите официјално известуваат за 22 повредени и 9 хоспитализирани, а локалните медиуми тврдат дека има минимум 17 мртви. Работите до толку излегле од контрола, што тренерот на домаќините со помош на играчите, засолнувал гостински навивачи во соблекувална.
Денвер Нагетс после продолженија го совладаа Њу Орлеанс 138-130 а актуелниот МВП на лигата, Јокиќ постигна 46 поени со шут од игра 16/22 а дури 30 поени постигна во последните девет минути од регуларниот дел и продолжението. 23 поени Јокиќ уфрли во последните седум минути од мечот.
Неговиот тим Гурник Забже победи 3-0 во мечот со Краковија. Ветеранот Подолски го постигна последниот гол на мечот во 90+2’ минута и тоа во негов препознатлив стил, со острата левица. Некогашната ѕвезда на Баерн Минхен на 18 меча сезонава има 5 гола и 2 асистенции.
Валенсија со 86-76 ја совлада Барселона во шпанската лига а нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна 16 поени со 4 скока и 7 асистенции и беше еден од најдобрите поединци на паркетот во салата „Ла Фонтета“. Валенсија на Барса и ја урна серијата од 12 триумфи во сите натпреварувања.
Само два часа по пуштање во продажба, 26.000 влезници биле експресно продадени онлајн и на билетарниците на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. Сицилијанците се желни за фудбал, особено што во градот после долго време им доаѓа нивната селекција која минатото лето стана европски шампион.
Откако ЕХФ потврди дека Вардар службено го добива натпреварот против белоруски Мешков Брест со 10-0 затоа што сите меѓународни спортски федерации решија да ги исфрлат руските и белоруските клубови од турнирите, „црвено-црните“ како 5-ти во својата група веќе го знаат ривалот.
Холандскиот фудбал ни носи една специфична фудбалска сторија која од нервози на крај завршила во љубов. Шефот за делегирање судии од сега да внимава на кои натпревари ја делегира девојкава.
Легендарниот „геније“, човек поради кој многу навивачи го засакаа Милан, отворено ја прокоментирал ситуацијата со санкциите за рускиот спорт поради ситуацијата во Украина.
По низа од неколку натпревари, Лучано Спалети одлучи да го седне на клупа Елиф Елмас, што сепак се покажа како добар рецепт. Македонскиот репрезентативец влезе, го освежи нападот на Наполитанците и по шест минути направи асистенција за водство.
По големиот и сензационален триумф на УС Опен, младата Британка со романско потекло Ема Радукану стана мега популарна и нова тениска надеж на Велика Британија. Таа во меѓувреме одигра еден егзибициски меч во Ројал Алберт Хал во Лондон каде едно мало дете ги изнасмеа сите откако и предложи да се ожени за него.
Воениот конфликт во Украина ја потресе и спортската јавност, па распоредот и календарите на одигрување на некои средби се доведени во прашање, првенства суспендирани, натпревари одложени.