Македонија тргна добро во напад, со Митревски на голот, Талески, Кузмановски и Јагуриновски на бековската позиција, Георгиевски и Кузманоски на крила и Пешевски како пикер.
Тоа резултираше со солидна резултатска предност која на стартот се движеше со 3:0, 5:1 па 6:2. Но додека се редea голови, одбранаta потфрлаше, а Романците тоа го искористија и се вратија брзо резултатски. Првото израмнување беше 10:10.
Селекторот Лазаров почна да ротира, а меѓу играчите кои влегоа од клупа беше и тој самиот заедно со Миркуловски кој во свој стил изнудуваше пенали, а капитенот ги реализираше.
Одличен старт имаше Филип Талески кој се издвои со 5 гола во првите 30 минути, исто колку што постигна и Лазаров. На полувреме Македонија замина со предност од од 16:13.
Вториот дел нашите ракометари повторно го почнаа добро во напад и зголемија на +5, но одново со осцилации во одбраната која попушташе, па Романците се вратија на -1.
Темпото на играта се вжешти, паралелно со атмосферата во преполната сала Борис Трајковски, а целосно во елемент беше Филип Талески кој блесна со нови 5 гола и со вкупно 10 ја одигра една од најјаките партии во националниот дрес.
Романците немаа лек за неговите проектили, како и за Кире Лазаров кој постигна 7 и Филип Кузмановски 5 гола, тројцата водечки стрелци на мечот. Никола Митревски натпреварот го заврши со 8 одбрани.
Реваншот на гости го играме во сабота со почеток од 16:50, а следната и последна пречка за пласман на Мундијалот ни е Чешка.
🇲🇰 ❤️💛 Браво момци Македонци!
— Mozzart Bet Makedonija (@MozzartBetMK) March 17, 2022
Нашите лавови со одлични 8️⃣ голови предност патуваат за Букурешт! pic.twitter.com/r3dtEE1bOD