Нено Димитријевиќ блесна во победата над Барселона

Валенсија со 86-76 ја совлада Барселона во шпанската лига а нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна 16 поени со 4 скока и 7 асистенции и беше еден од најдобрите поединци на паркетот во салата „Ла Фонтета“. Валенсија на Барса и ја урна серијата од 12 триумфи во сите натпреварувања.

Голем удел во триумфот на Валенсија имаа уште и Тоби со 17 и Риверо со 14 поени. Кај евролигашот најефикасни беа Дејвис и Миротиќ со вкупно 27 поени. На табелата во шпанската лига Валенсија е четврта со 26 освоени бодови а Барселона е втора со 30.

6 март 2022 - 14:09