Украина во целост ја брише легендата со најмногу настапи за репрезентација: „За нас не постои“

Етичката комисија на фудбалскиот сојуз на Украина (UAF) побарала од телото на оваа институција кое носи одлуки, на рекордерот по бројот на настапи за репрезентацијата, Анатолиј Тимошчук да му се одземе буквално се што го поврзува со фудбалската селекција на Украина.

Според Етичката комисија на фудбалскиот сојуз на Украина, во Дисциплинскиот правилник на сојузот, односно во неговиот член 62. Тимошчук грубо го прекршил кодексот.

Ова прашање го актуелизираше најдобриот украински фудбалер во моментов, Руслан Малиновски од Аталанта Бергамо. Тој изјави дека не знае зошто Тимошчук молчи, дека тоа треба да го прашаат него и дека е 100% сигурен дека Анатолиј веќе нема да биде легенда во нивната земја.

42-годишниот Украинец сега е помошен тренер во Зенит, а во кариерата освои еден куп пехари со Баерн Минхен и други клубови.

„Анатолиј Тимошчук, роден на 30 март 1979 година, човек со најмногу настапи за Украина (144) е рекордер во репрезентацијата. Играше за гигантот Баерн Минхен, освои шампионски титули во Украина, Германија, Русија, освои Лига на шампиони, Суперкуп на УЕФА. Од 2009 до 2013 го носеше дресот на руски Зенит во кој од тогаш таму работи како тренер. Од почетокот на руската инвазија на Украина, поранешниот капитен на нашата репрезентација не само што јавно не се изјасни по тој повод, туку не престана ниту да соработува со агресорите“, стои на почетокот на соопштението објавено на сајтот на Фудбалскиот сојуз на Украина (UAF).

„Во време кога еден негов поранешен клуб, конкретно Баерн, се огласи и застана во поддршка на Украина, Тимошчук продолжува да молчи и да работи за клубот во земјата агресор. Штом го прави свесно тоа, му штети на украинскиот фудбал и го крши Етичкиот Кодекс и фер плејот на УАФ.

Во поглед на наведеното, Етичката комисија го бара следното:

1. Да се окарактеризира дека Анатолиј Александрович Тимошчук, роден на 30 март 1979 го крши Етичкиот кодекс и Фер-плејот на УАФ;

2. Да се извести Сојузот со следното:

- Да му се одземе тренерската ПРО лиценца издадена од страна на Одделот за лиценцирање при УАФ,
- Да се предупреди администрацијата на УАФ и јавните органи на Тимошчук да му се одземат сите државни награди и почесни титули.

- Да се исклучи Тимошчук од службениот регистер на играчи за сите украински национални репрезентации, стои во соопштението.

Украинската јавност е поделена за него. Некои тврдат дека нема потреба од фудбалер, од спортист да се бара да се огласува по такви прашања, а други сметаат дека треба да се казни и да му се одземат сите одликувања.

9 март 2022 - 15:59