Се работи за натпревар од втората холандска лига меѓу Емен и Ајндховен, одигран минатата година во август кој завршил 0:1.
Дефанзивецот на Емен, Џеф Хардевелд добил црвен картон во 90-та минута и нервозен заминал во соблекувална.
Четврти судија на мечот била шармантната Шона Шукрула, која од 2017-та суди и на натпревари под капа на ФИФА.
Неколку месеци подоцна или поточно за дочек на нова година, двајцата се забележани на патување во Рим.
Фотографијата ја објавила Шона на Инстаграм со опис „Официјално е“.
Мангупот Џеф наводно и се јавил после мечот за да се извини за испадите откако добил црвен картон. Аха, ќе ти веруваме.
Мајтапот број 1 за овој пар е тоа што тој е дефанзивец, а таа судија во истата лига. Перфектна комбинација за местење натпревари.