Најбараниот фудбалер во Европа игра за Кристал Палас

Младиот бисер на клубот од предградието на Лондон, Мајкл Акповие Елисе, роден на 12 декември 2001-ва година може да игра за најмалку четири репрезентации чии федерации секојдневно се борат за него.

Англиската Премиер лига е најгледана лига на светот и како таква и најатрактивна за навивачите. Кога некој млад талентиран фудбалер ќе блесне во најдоброто англиско првенство, веста за него брзо стигнува до сите големи спортски медиуми.

Таков е примерот со Мајкл Елисе, нова млада ѕвезда на Кристал Палас во Јужен Лондон.

Младиот Елисе од Ридинг минатото лето во јули 2021-ва дошол во Кристал Палас по трансфер вреден 9,30 милиони евра! Елисе игра во средниот ред, најчесто како десно крило иако е изразит левак, па често потсеќа во продорите на Арјен Робен кој царуваше по десна страна.

Договорот со Кристал Палас му е до 30 јуни 2026 година. Сезонава Елисе има 4 гола и 8 асистенции на 21 настап од кои само 12 како првотимец од почеток.

Најинтригантно за Елисе е што може да бира меѓу дури 4 различни репрезентации за која би се одлучил да игра. Тој е роден во Лондон од татко Нигериец и мајка Алжирка од Франција, па така може комотно да бира дали ќе игра за Франција, Англија, Алжир или Нигерија.

На 27 мај 2019 година добил покана за настап за Франција У-18 на турнирот во Тулон. Дебитирал на 2 јуни 2019 за Франција У-18 против Катар У-23.

За него во моментов трае сериозна трка меѓу четири фудбалски сојузи. Интересно Мајкл Елисе има помал брат, Ричард Олисе кој веќе игра за младинските селекции на Англија.

Мајкл, ѕвездата на Кристал Палас во сениорски фудбал дебитирал за Рединг на 12 март 2019-та во поразот дома од Лидс Јунајтед. Првиот гол во сениорски професионален фудбал го дал на 19 септември 2020-та и тоа убав гол со волеј во триумфот 2-0 против Барнли. Во април 2021 го избрале за најдобар млад играч на сезоната во Чемпионшип.

Тоа било препорака да потпише богат 5-годишен договор со Кристал Палас кој ја активирал откупната клаузула од 8,37 милиони фунти.

Елисе имал деби во елитната Премиер лига на 11 септември 2021-ва година во големата победа на Палас од 3-0 над Тотенхем. Влегол во 86’ минута наместо Џордан Ајо.

11 март 2022 - 14:00