Малото дете што изнасмеа цела сала на тенис меч

По големиот и сензационален триумф на УС Опен, младата Британка со романско потекло Ема Радукану стана мега популарна и нова тениска надеж на Велика Британија. Таа во меѓувреме одигра еден егзибициски меч во Ројал Алберт Хал во Лондон каде едно мало дете ги изнасмеа сите откако и предложи да се ожени за него.

Ова е неретка појава, на тениските терени некој од гледачите да дофрли нешто до играчите. Најпознат случај беше кога Штефи Граф на „предложен брак“ од публиката одговори духовито: „Колку пари имаш“?

 

24 февруари 2022 - 13:10