За разлика од првата средба во Скопје кога Македонија ја контролираше состојбата на теренот од почеток до крај, овојпат во главниот град на Романија и двете селекции имаа свои минути.
Во првите триесет минути одигравме квалитетен ракомет со стабилна одбрана и солидна организација на офанзивната острица. Со гол на гол на двете страни и постојана резултатска клацкалица, резултатот на полувреме беше 12-12.
Во вториот дел, сосема очекувано, избраниците на легендарниот Шпанец Чави Пасквал тргнаа на се или ништо. Тоа им донесе триумф од 2 гола разлика (24-22), недоволно ни одблизу да се загрози предноста на македонските ракометари од првиот меч.
Селекторот и играч Кире Лазаров постигна шест гола и беше прв стрелец, Кузмановски запиша три погодоци а кај Романците најефикасен беше Умет Гаминде.
Финалниот двомеч против Чешка Република е закажан за следниот месец, на 11-ти на гости и 17-ти април дома во Скопје кога ќе се дознае која репрезентација ќе оди на Мундијалот.
Инаку со Чесите сме играле дури 15 пати така што тие се втора селекција со која имаме најмногу меѓусебни средби низ историјата.
Фото: ФБ страна на Ракометна федерација на Македонија.
Супер голови на новата надеж на македонскиот ракомет - Павле Атанасијевиќ