Селекторот и играч Кире Лазаров врши одлична работа со постепена смена на генерацијата. Неколку млади, перспективни ракометари веќе ја почуствуваа дражта на Светско и Европско првенство, а некои сега добија шанса да се докажат. Дебитантот од првиот меч Павле Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер 2 постигна два убави гола на натпреварот со Романија.