Еурофарм Пелистер го декласираше АЕК од Атина со 30:19, а гостите освен што си имаа работа со силен противник на терен, гостуваа во сала која грмеше од домашната публика.
Чкембари сезонава со огромната поддршка им се ветер во грб на ракометарите, а за грчкиот противник има спремено парола со моќна, директна и отворена порака:
„Нашето име Македонија е славно и не се соодејствува со ниедна придавка“, стоеше на паролата на битолчани.
Го честитаа празникот
И силно ја викнаа македонската химна.
Победата за битолчани значи второ место во групата и пласман во осминафиналето од Лига Европа каде ќе се сретнат со Нексе.
Првиот меч се игра на 29 март во Хрватска, а реваншот во салата Боро Чурлевски е закажан за 5 април.