Хет трик во растојание од само 10 минути и 22 секунди

Ако некој сметаше дека реваншот Баерн Минхен - РБ Салцбург после 1:1 на првиот меч ќе има некаква неизвесна интрига, Роберт Левандовски го разувери уште од самиот почеток. Полјакот беше автор на еден од најбрзите хет-трик подвизи во ЛШ.

Баерн Минхен со 7:1 го победи РБ Салцбург и со вкупен резултат 8:2 оди во четвртфинале од Лига на шампиони. Роберт Левандовски постигна три гола на самиот почеток.

Капитенот на репрезентацијата на Полска која игра во плејофот за пласман на Светско првенство 2022, во 12’ минута итро го надмудри чуварот Вебер кој го фаулираше па Баерн доби пенал. 1:0 стрелец Левандовски.

Во 21’ минута се гледаше ВАР. Вебер пак направи прекршок врз Полјакот на сама линија на шеснаесетникот па беше нејасно дали е внатре или надвор, но на крај Баерн доби пенал и Левандовски зголеми на 2:0.

Хет-трикот го заокружи само неколку секунди подоцна. Левандовски излезе еден на еден со противничкиот голман и лесно го совлада за 3:0. Меѓу првиот и третиот гол на Роберт поминаа само 10 минути и 22 секунди.

КОИ СЕ НАЈБРЗИ ХЕТ-ТРИК ПОДВИЗИ ВО ЛШ?

Левандовски влезе во историјата како фудбалер кој најбрзо постигнал три гола на меч од ЛШ (23 минути од почетокот на мечот). 

Легендарниот шпиц на Милан Марко Симоне во 1996-та година во првите 24 минути од мечот со Розенборг во Лига на шампиони постигна три гола па сега е на второ место.

По брзина од прв до трет гол во ЛШ прв е Бафетимби Гомис кој со Лион постигна три гола против Динамо Загреб за 7 минути во 2011-та година. Мајк Њуел од Блекбурн во 1996-та дал три гола против Розенборг за 9 минути во 1996-та година.

Левандовски во моментов во Лига на шампиони е прв стрелец со 12 гола на 8 меча. Со трите гола синоќа Полјакот го надмина и сезонава неверојатниот шпиц на Ајакс Себастијан Алер кој веќе има 11 гола.

Левандовски во сезонава 2021/2022 веќе дал 42 погодоци на 35 меча во сите натпреварувања. Дури седма сезона по ред дава најмалку 40 гола во сите турнири.

По хет-трикот на Лева, Баварците дадоа уште четири гола а Полјакот асистираше за петтиот гол на Баерн кој го даде Сане. Ова е 15-та асистенција на Левандовски на 8 меча во ЛШ сезонава.

Баерн Минхен дури 20-ти пат во историјата влегува во четвртфинале на ЛШ, повеќе од сите останати клубови во Европа.

9 март 2022 - 09:26