Такви се на пример Хилари Клинтон, Меланија Трамп, Кери Симондс… Делат живот со моќни мажи кои другите жени (а можеби и нив) ги третираат ужасно. И, без разлика дали е тоа фер или не, и тие некако треба да одговараат за неприкладното сексуално однесување и политички гафови на нивните сопрузи и дечковци.
Во сенка на импичментот на Трамп релативно тивко помина обелоденувањето на долгоочекуваниот извештај на генералниот инспектор на американското министерство на правда во кој, според независните, се крие скандал од историска магнитуда. И во врска со ФБИ и во врска со американските медиуми.
Како дел од судска истрага за тоа дали загадениот воздух во Британија ја предизвикало или придонело за смртта на 9-годишното девојче, ќе биде истражувана и улогата на властите во целата работа.
Последните изборни резултати во Велика Британија уште еднаш докажуваат дека Твитер и расположението на него не е никаков индикатор за поширокото расположение на избирачкото тело.
Популарните медиуми се полни со статии за жени што малтретираат други жени, шират малициозни трачеви за нив, дволични се и се обидуваат да ја нарушат сликата за нив, на професионално ниво. Проблемот со ваквите тврдења е дека - не се точни.
Кој има проблем на темава, го носи кај @esteelaundry. Инстаграм акаунтот е отворен пред една година, а содржините им се од приватни пораки и мејлови - и од тогаш, без скрупул и скроз анонимно ловат и пердашат бјути-брендови за малтретирање, недостаток на диверзитет и културолошко присвојување, меѓу другото.
Долгогодишниот претседател на Боливија предвремено го заврши својот мандат со егзил во Мексико. Германски Шпигел разговара со него и што довело до неговото заминување, од лажни извештаи на набљудувачи, до залихите на литиум во земјата.
Постои една вистинска реакција на ова прашање - викаш пу-пу, се поместуваш од место, чукаш во дрво три пати, кажуваш Оче наш и се прскаш со света вода. Ниедна друга реакција не се важи.
Измените што ги правиш на местото на кое работиш во форма на апгрејд на столицата или бирото, имаат малку или воопшто немаат влијание на тоа дали ќе развиеш проблеми со кичма и врат. Она што има влијание е - стресот.
Во април 1997-на, жена облечена како медицинска сестра излегува од една болница во Кејп Таун со бебе старо три дена, украдено додека мајката спиела. И сосема случајно, 17 години подоцна, украденото бебе го открива својот вистински идентитет.
Научничката која го раскринка митот за изумирањето на поларните мечки остана без работа. После 15 години предавање, нејзиниот универзитет решил да не ѝ го продолжи договорот.
Двојка од Индијана е обвинета за запуштање и негрижа на дете, откако нивната 11 годишна посвоена ќеркичка ја оставиле самичка во апартман. Само што родителите тврдат дека нивното „дете“ е 22 годишна жена, и тоа психопат.
Сексуални работнички од Невада во која проституцијата е легална а деновиве е центар на интерес поради акцијата за упаѓање во мистериозната Ареа 51, планираат дебело да заработат од таа вирална акција организирана преку интернет. Само еден бордел кој е претворен во тематски забавен парк за возрасни, очекува да заработат 600.000 долари.
Самонаметнатата гастрономска мизерија една веганка решава да ја рашири и на својот комшилук, барајќи од нив под итно да престанат со правење скара во двор.
Многу истражувања ги поврзуваат социјалните мрежи и незгодните ефекти на менталното здравје на тинејџерите, ама има ново: минатата недела, едно истражување покажа дека не е баш така.
Трамп толку го чеша да се спука со Иран што почна да штанца соопштенија дека тие го кршеле договорот и пред тој да постои (?). За да се спречи уште една криминална и нелегална војна како онаа во Ирак, медиумите треба да го прават она што колективно не го правеа во 2003 година: да ги демаскираат лагите.
Човекот обвинет за трговија со луѓе и мерак на малолетни Источноевропејки, своевремено имал план за унапредување на човештвото со тоа што масовно ќе затруднува жени на неговиот ранч во Ново Мексико.
Некаде во 2010-та година, Нора Тејлор, уредник за партнерства на еден моден блог, стои во група од потресени 22-годишни стажантки на „пијачка од работа”. Доаѓа шефицата што има 40 години и се шали со: „Имам 40 и сингл сум, ама не се давам! Ќе ставам ботокс, ќе тренирам, ќе правам што и да е!” Нив им е незгодно. А на Тејлор, сега, 10 години подоцна, ѝ е уште понезгодно.
Земјата е под секакви санкции уште од првиот ден на своето постоење, а Јонг Ун не пропушта на секое патување во странство да покаже што нова лимузина успеал да купи.