Уште ви се случува да заспиете со шминка?

Постои една вистинска реакција на ова прашање - викаш пу-пу, се поместуваш од место, чукаш во дрво три пати, кажуваш Оче наш и се прскаш со света вода. Ниедна друга реакција не се важи.

Има начин да се избегнат дамки на кожата, има и чекори што можат да се преземат, а заспивањето со шминка, не само што ќе ве упропасти, туку ќе почнат годзили да ви излегуваат.

За почеток, почнете со неколку универзални чекори, а после најдете си што ви треба, со истражување, со дерматолози и со сите потребни средства што се во ваша моќ.

Навлажнувајте ја кожата

„Многу мои пациенти со акни мислат дека затоа што имаат масна кожа, не смеат да користат навлажнувачка крема,” вели Бав Шергил, консултант-дерматолог од Сасекс. „Но, ако ги отстраните маслата од кожата, таа само ќе произведе уште повеќе за да компензира. Навлажнувајте ја кожата за да биде добро хидрирана и тоа ќе го намали создавањето на маснотии поефикасно, отколку кога се трудите да го отстраните.”

Не ги блокирајте порите

„Главни виновници се средствата за сончање,” вели Ерика Меккејлум од Ив Лом во Њујорк. Така што, ако користите средство секој ден, барајте на етикетата да пишува „non-comedogenic” (некомедогено, да не запушува), или „без масла”. „И никогаш немојте да спиете со шминка,” додава Меккејлум. „Преглупо е,” додаваме ние.

Друг дерматолог од Торонто, Сенди Скотники вели дека дури и производите за коса, особено тие со арган и кокосово масло можат да придонесат кон акни на лицето, и затоа е важно да се измијат од него пред спиење.

Порите можете да ги оддржувате чисти со ексфолијација, а препорачано е да се користат производи за кожа со 2% салицилна киселина и „малку повеќе гликолна, што помага за ексфолијација на мртвите клетки што се главни виновници за угушени пори.

Третирајте ги акните со антибактериски средства

„Луѓето мислат дека акните се инфекција, но не е така,” вели Шергил. „Тоа е воспалување на кожата што дозволува развој на бактерии. Телото се обидува да ги уништи и ја прави таа реакција - акна.” Ако трае повеќе од 10 дена, може да остане лузна. Вакви работи се третираат штом ќе излезат. Често користиме лекови како бензоил пероксид.”

Внимателно со благото

Кога јадете нешто со висок гликемиски индекс, произведувате повеќе инсулин. Постојат докази дека ова е повразно со лачење на серум од лицето, или, просто кажано - лицето создава повеќе маснотии. Исхрана со производи со низок гликемиски индекс ја намалува појавата на акни, според некои истражувања па така… Да, ова беше најнепријатната вест. Ама па, вреди да се проба.

11 ноември 2019 - 13:10