Социјалните мрежи не се толку Баба Рога за тинејџери

Многу истражувања ги поврзуваат социјалните мрежи и незгодните ефекти на менталното здравје на тинејџерите, ама има ново: минатата недела, едно истражување покажа дека не е баш така.

Испитани се 2000 млади луѓе на возраст од 10 до 15 години и 400 ученици во државно школо во Северна Каролина за да се разбере нивната употреба на смартфони. Во тек на две недели, се набљудувало дали тинејџерите кои повеќе време минувале на телефон покажувале некакви симптоми во однос на менталното здравје. Се анализирало и дали нивното ментално здравје се влошувало во зависност од тоа дали повеќе или помалку време држат некоја технологија во рака.

И во двата случаи, немало никаква врска меѓу употребата на таа технологија и негативните ефекти на менталното здравје.

„Наспроти јавното мислење дека смартфоните и социјалните мрежи ги оштетуваат адолесцентите, не гледаме посебни докази дека времето поминато на телефон и онлајн е поврзано со зголемен ризик за проблеми со менталното здравје,” заклучува Мајклин Џенсен, професорка по психологија на Универзитетот во Северна Каролина.

Тинејџерите кои почесто комуницирале преку пораки за време на истражувањето, рекле дека се чувствуваат помалку депресивно од тинејџерите кои поретко се допишувале.

Иако ова истражување не го исклучува фактот дека социјалните мрежи го даночат општото ментално здравје, сепак го доведува до прашање начинот на кој ги гледаме тинејџерите и технологијата.

Друго истражување открива дека врската меѓу социјалните мрежи и депресијата кај тинејџери е многу покомплексна отколку што експертите мислеле - особено кај девојчиња.

Преку испрашување на речиси 10.000 деца на возраст од 13 до 16 години во Англија, се открило дека проблемот кај социјалните мрежи е што девојчињата биле изложени на булинг и помалку спиење и вежбање. Со ова се докажува дека не мора да значи дека социјалните мрежи се виновни за зголемената стапка на депресија кај тинејџерките, туку контекстот во кој ги користат.

Кендис Оџерс, истражувач и професор по психолошки науки во Калифорнија, за новото истражување има доста мудра порака:

„Можеби е време возрасните да престанат да се расправаат околу тоа дали социјалните мрежи се добри или лоши за тинејџерите, а треба да почнат да наоѓаат начини да ги поддржуваат и онлајн и офлајн.”

28 август 2019 - 01:15