Маската за телефон што сака да го скрши Инстаграм

Ама нема.

Каја Гербер и Џиџи Хадид, едни од најбараните манекенки во светот добиваат стотици илјадници лајкови на секоја слика на Инстаграм. Повремено, некое нивно селфи ќе дојде со предупредување: „Социјалните мрежи можат да нанесат сериозна штета на вашето ментално здравје.”

Фразата, испечатена на задниот дел на прозирна маска за телефон се појавува само повремено, обично на селфи во огледало или кога ги сликаат со телефонот во рака. И не се само тие: многу манекенки и инфлуенсери имаат фотографии со оваа маска, и секој ден се повеќе корисници на Инстаграм качуваат вакви слики.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

this is my reach

A post shared by Kaia (@kaiagerber) on

Дека социјалните мрежи се штетни веќе ни е јасно, што од прва рака, што од следење истражувања кои ова го докажуваат. Популарноста на маската значи дека ефектот не го чувствуваат само типичните корисници - најубавите луѓе на светот, со милиони обожаватели и чии кариери зависат од Инстаграм исто така се грижат за ефектите што социјалните мрежи ги имаат на нивниот мозок и нивната самодоверба.

„Тоа ми е константен потсетник дека тука сме за лајкови,” вели Петра Вукотич, италијанска манекенка со скоро 25.000 следачи. „Ме потсетува дека лајковите се дрога. Се станува зависен. Тоа е форма на вреднување.”

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Favorite Human 👼🏼

A post shared by Maeve Reilly (@stylememaeve) on

Инаку маската е од Urban Sophistication, бренд стар четири години што прави облека и додатоци, со иронични пораки и фрази. Чини 35 долари и се продава од декември, 2017-та, а веќе е бестселер и претворена е во симбол на моделите, wannabe инфлуенсерите и корисниците на Инстаграм што редовно објавуваат.

„Не го очекувавме тоа, но излезе најдоброто сценарио,” вели Елад Јам, кој заедно со сестра му Нета е сопственик на брендот. Велат дека чувствувале тензија меѓу креирање за на Инстаграм, и истовремено имање усул во однос на пораката што сакале да ја пренесат.

Марија Габриела Сантос, која има скоро 8000 следачи вели дека е лесно да се заборави дека социјалните мрежи се начин да се претставиш онака како што сакаш да те видат, а не каков што си вистински. „Се надевам дека сите ќе сфатат како социјалните мрежи ни го менуваат размислувањето и начинот на кој се гледаме меѓу себе. Појавата на социјалните мрежи не ни е вистински лик.”

Неодамна, Инстаграм почна да пробува како би било да не се бројат лајкови.

Истиве инфлуенсери што сега се сликаат со маската излудеа.

Како и да е, личи дека, ако е воопшто тоа можно, работата милиметарски мрднува во позитивен правец.

21 август 2019 - 17:32